Македонската репрезентација ја оствари и втората победа на Светското ракометно првенство во Германија. „Црвено-жолтата“ дружина се потврди дека се класа и на Бахреин и помалку на искуство и на рутина го совладаа азискиот вицепрвак со 28:23 (полувреме: 12:8). Кире Лазаров постигна осум гола, како што беше случај и во дуелот со Јапонија, Филип Кузмановски и Дејан Манасков додадоа по четири, најефикасен во поразениот тим беше Ал Сајед со шест гола.
Најдобрите македонски ракометари ја имаа контролата во мечот во целост, во второто полувреме поведоа и со седум разлика (21:14) што сигнал за помладите од селекторот да втрчаат во терен и да покажат што знаат и умеат. По десетина минути добија Филип Чурлевски, кој остави добар впечаток и го запиша првенецот во мундијалското деби, идентичен ефект имаше и Мартин Серафимов, трипати мрежата на Бахреин ја погоди и Мартин Поповски.
Македонија утре попладне (18 ч.) ќе игра со Хрватска во првиот сериозен испит на шампионатот. „Коцкестите“, пак, денеска (16.30 ч.) ги чека натпревар со Јапонија, а во вечерниот термин во „Олимпијахале“ во Минхен ќе играат Шпанија и Исланд.