ЕХФ и официјално: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол. Финалето меѓу Хрватска и Шпанија е од 16.30 часот

Македонија на ЕП 2020 во ракомет: Ревијалниот настап и битката за симболи

Победа на „стаклени нозе“ против Украина, пораз со пресврт од Чешка во меч со многу осцилации и дебакл од Австрија за експресно напуштање на 14. Европско ракометно првенство. Ова е билансот на македонската репрезентација по трите одиграни натпревари во Виена, оставајќи многу прашалници во јавноста за причините што овојпат не беше мината ниту прелиминарната фаза на голем настан. Одговорот за бледите изданија веројатно го имаат самите ракометари и селекторот Данило Брестовац, освен ако нема и неракометни моменти од соблекувалната, тренинзите и подготвителниот период

Лазаров до навивачите: Извинете, заслужуваме секаква критика

„Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме секаква критика. Ова е еден удар за нас“, нагласи капитенот по поразот од Австрија

На маката се познаваат хероите: Австрија како финале за македонските ракометари

Ситуацијата е јасна - потребна е победа со најмалку два гола разлика над една од трите домашни селекции на турнирот, опција со која „црвено-жолтите“ нема да зависат од резултатот во пресметката меѓу Чешка и Украина. Секој друг исход, како победа со гол разлика или реми, ќе зависи од бројот на постигнати погодоци или, пак, од епилогот од вториот дуел во групата Б во 20.30 часот

Брестовац: Друг ќе беше муабетот ако реализиравме пола од промашувањата со Чешка

Македонската репрезентација ќе мора по потешкиот пат по опстанок на 14. Европско првенство и пласман меѓу 12. најдобри на континентот. „Црвено-жолтите“ на стартот ја победија Украина со 26:25 по што следуваше пораз од Чешка со 25:27, па шансата за продолжување на престојот во Виена ќе се бара во утрешниот дуел од 18.15 часот против Австрија

Ниту 11 гола на Лазаров не помогнаа: Чешка со пресврт ја совлада Македонија

Воведните минути од второто полувреме урнаа се што изградија македонските ракометари во првиот дел за што на крајот резултираа со пораз од Чешка со 25:27 во второто коло во групата Б на 14. Европско првенство. Овојпат потфрлија голманите кои мечот го завршија со само четири одбрани од кои три запиша Борко Ристовски, а една Никола Митревски

ЕП 2020 во ракомет: Црна Гора ја порази и елиминира Србија

Црногорците славеа над Србија со 22:21 и останаа во игра за топ 12 на турнирот. Немања Грбовиќ со 5 гола од пет обиди и Милан Божовиќ беа најефикасни црногорски ракометари во премиерната победа на нивната селекција на Европските првенства. Шпанија убедливо ја порази Германија со 33:26 во судирот на шампионските репрезентации од последните две Европски првенства, актуелниот светски првак, Данска загуби од Исланд со 30:31

Македонија ја доби Украина на ЕП 2020: Клучот кај Лазаров, заслугите за Митревски

Македонските ракометари ја совладаа Украина со 26:25 во воведниот меч од групата Б на 14. Европскотоп првенство со погодокот на капитенот на две секунди до крајот, но најзаслужен за победата беше Никола Митревски со 15-те одбрани и еден седмерец, иако организаторот на мечот со прогласи Филип Талески за МВП