Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две деца и возрасен заразени со западнонилска треска, но не се поврзани меѓусебе

0
By НОВА ТВ Balaban on September 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 30, 2021 12:22

Сите биле на болничко лекување поради воспаление на мозокот.

Евидентирани се три случаи на западнонилска треска во Македонија во август, кои резултирале со воспаление на мозокот. Станува збор за две деца и едно повозрасно лице, објавува Институтот за јавно здравје во својот најнов извештај за месец август.

Сите заболени биле хоспитализирани во болница поради воспаление на мозокот.

Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски откриен кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од село  Враниште, струшко и 69-годишен маж од Стајковци.

– Во однос на трите случаи на вирусен енцефалитис, лабораториски е потврдено дека истите се предизвикани од West Nile вирус. Двете деца биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје, а возрасното лице се лекувало на Клиниката за неврологија во Скопје. Направени се епидемиолошки истражувања за трите случаи, известени се соодветните Центри за јавно здравје и преземени се соодветни превентивни мерки – се вели во извештајот.

Од Институтот за јавно здравје смируваат:

– Случаите на западнонилска треска меѓусебно не се поврзани, па оттаму нема потреба за страв кај населението – велат од ИЈЗ.

Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец. Болеста не се пренесува од човек на човек, но вирусот може да се пренесе преку трансфузија на крв и трансплантација на органи.

Епидемиолозите од ИЈЗ појаснуваат дека инкубацијата трае од 3 до 14 дена, а околу 80 отсто од инфекциите кај луѓето поминуваат без симптоми. Останатите 20 отсто симптоматски инфекции најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1 отсто од инфекциите со западнонилска треска кај луѓе се развиваат со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни (на пример, воспаление на мозокот, воспаление на мозочните обвивки или парализи).

Нема специфична терапија за ова заболување, а третманот е симптоматски.

(Љ.Б.)

 

 

западнонилска треска Заразени Институтот за јавно здравје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.