Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две џамиии во тетовско затворени за верниците

0
By Нова ТВ on May 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џамиите во тетовско ги отворија вратите за муслиманските верници за утринска молитва Сабах Намаз, како што имаше дадено насоки Исламската верска заедница (ИВЗ), но две џамии останаа затворени. Се работи за верските објекти во тетовските села Порој и Глоѓи.

Имамот Максум Абази одлучи џамијата во Порој, лоцирана на сред село, да не ја отвори за верниците, со цел, како што истакна, да ги заштити неговите соселани. Вели дека здравјето е најважно од се. Верниците во верските објекти треба да чувствуваат слобода, а не да се плашат дали ќе се разболат.
„Јас само ги почитувам мислењата на експертите во време на пандемија да нема групирања. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен. Оваа одлука ја има низ целиот свет, ја има во Саудиска Арабија, во САД, во Турција каде има воведено неколкудневен полициски час со цел да се заштитат верниците. Јас знам дека на оваа моја одлука ќе има и има негодувања, но има и доста верници кој ја поздравуваат мојата одлука, но за мене, пак ќе кажам, е најважно да го заштитам здравјето на моите соселани“, вели имамот на џамијата во Порој, Максум Абази.
Но, оваа џамија не само денес за најголемиот муслимански празник, за верниците не е отворена од почетокот на пандемијата. Имамот Абази вели дека тој и одборот на џамијата се дистанцира од одлуките кои ги носи реисот Сулејман Реџепи. Така и за време на пандемија тој и одборот на џамијата сами носат одлуки.
„Ние одамна сме расчистиле со реисот Сулејман Реџепи. Уште од 2006 година. Само носиме одлуки како ќе функцинира нашата џамија така и сега донесовме одлука каква што сметаме дека треба да се донесе. Се дистанцираме од него и од неговите одлуки. Парите кои ги собираме од верниците не ги даваме на ИВЗ, туку ги даваме за селото. Со нив имаме направено паркови, сме поставиле урбана опрема, јавно осветлување и слично“, вели имамот Максути.

Ги запрашавме верниците дали се согласуваат со одлуката на имамот да се дистанцира од сите одлуки на реисот, но не добивме конкретен одговор. Ни одговорија дека без имамот во селото не може да се изгради ниту постави некавка инфраструктира. Без него, како што велат, селото би немало никаков просперитет.

Освен во Порој и џамијата во тетовското село Глоѓи, Општина Теарце, утринава не ги отвори вратите за верниците. Таму имамот не го затекнавме, но имаше членови од одборот на џамијата од кои го добивме следниот одговор.

„Ние не сме против одлуките на ИВЗ и реисот Сулејман Реџепи, но одлучивме да не ја отвориме џамијата затоа што е мала и ќе сакаат да дојдат сите верници, а во време на пандемија тука не би можело да се одржи дистанца и останатите препораки на властите. Затоа одлучивме џамијата да биде затворена, здравје ќе дојдат подобри времиња, па пак луѓето ќе го посетуваат слободно божјиот храм“, велат од одборот при џамијата во тетовското село Глоѓи.

Инаку денеска во тетовско, џамиите беа полни со верници. При влез се дезинфицираа, а им се делеа и заштитни маски.

„На тие што немаа маски им доделивме. Фала им на хуманитарните организации кои ни помогнаа со заштитина опрема“, истакна имамот од Шарената Џамија во Тетово.

Верниците велат дека ќе го прослават празникот различно од сите други години.

„Па годинава нема да биде како порано. Сме оделе на гости, сега може утринава само кај најблиската фамилија, со кои и практично сме секој ден и потоа секој дома. Од 11 часот кога ќе започне полицискиот час сите на семеен ручек“, велат верниците.

Верниците воглавно ги почитуваа здравствените препораки на властите, но поради нивната голема бројка за време на молитвата, во џамиите беше невоможно да се одржува препорачаната физичка дистанца.

Верници Глоѓи Македонија Порој Рамазан Бајрам џамии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.