Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години по првото рочиште за „Тотал“ – судењето против Латас се врати на почеток

0
By Нова ТВ on October 17, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2019 15:16

Судењето за случајот „Тотал“ во кој е обвинет Драган Павловиќ Латас почна од почеток, затоа што поминале 90 дена во кои не било закажано рочиште. На 20 септември, судењето беше одложено поради непотполн судечки совет, а претходното рочиште кое беше закажано на 11 јули судијата Ѓоко Ристов го одложи затоа што немаше информатичар кој требаше да ги пушта бомбите во судот.

Павловиќ повторно се изјасни дека не се чувствува виновен.

-Ниту суштински ниту фактички сум сторил даночно затајување, ниту се препознавам во обвинението. Не се чуствувам виновен, бидејќи постапката се темели на неколку незаконски дејствија. Прво, обвинителството достави вештачење од неовластен вештак.

Како и секој друг управител кој работи според закон и јас сум дејствувал според решенијата на УЈП, која утврдила дека не должиме даноци. И сега јас имам решенија дека фирмите не должат даноци.  Очекувам судот да ги цени материјалните факти“, рече Латас во своите воведни зборови.

По излагањето на Латас, рочиштето се одложи за 22 октомври.

Случајот „Тотал“ третпат почнува од почеток, а судијата Ристов е трет судија кој го води предметот. Досега се сменија две судијки Софче Гаврилова – Ефремова и Славица Наумовска – Јосифовска.  Првото судење почна на 5 декември 2017 година, а речиси две години потоа, судењето против Латас се уште е на почеток.

„Тотал“ неколкупати беше одложуван поради отуство на обвинетиот, а потоа и поради отсуство на адвокатите.  Овој предмет беше прогласен и за рекордер во одложувањата – откако во Извештајот на СЈО  беше нотирано дека во период од 6 месеци од 7 закажани рочишта, шест биле одложени.

По ваквиот Извештај на СЈО објавен во април годинава, Претседателот на Судот Иван Џолев изјави дека вината не е кај Судот.

„Рочиштата за предметите не се одложуваат поради Судот, туку странките во предметите. Честопати одбраната со медицински белешки бара одложување или едноставно не се појавил некој од обвинетите, и тука нема место за друг потег освен одложување. Обвинетиот го болело стомак или средното уво, имал висок притисок и слични оправдувања кои се заведени во медицински белешки“, изјави Џолев.

Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг“, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“.

Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади евра.

Освен „Тотал“ и други 10 предмети на СЈО досега се враќале од почеток. Само во изминатите три недели од почеток почнаа пет судски предмети на СЈО : „Насилството во Центар“„Тендери“, „Трезор“ „Транспортер“ и „Тортура„.Пред самиот финиш, наместо пресуда за пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“, предметот почна од почеток затоа што судијката побара да се изземе.

 

 

Латас Тотал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.