Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години по смртта нема обвинение за случајот со малата Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on November 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство води истрага за девет лица кои се инволвирани во случајот со Тамара Димовска, девојчето кое почина во февруари минатата година чекајќи да добие согласност за лекување во странство.

Скоро две години по смртта се уште не е покренато никакво обвинение. Од ОЈО информираат дека во предметот за смртта на Тамара биле превземени голем број потребни дејствија за расветлување на причинско последичната врска која придонела за настапување на смртта кај детето.

„При тоа се водеше постапка против девет лица чии адвокати по извршениот увид во доказите доставија предлог за прибирање на нови докази. Надлежниот јавен обвинител, согласно законската процедура ги превзема потребните дејствија за прибирање на дополнителните докази, по што по нивно севкупно разгледување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука,“ соопштуваат од ОЈО.

Од Обвинителството велат дека се повикуваат обвинетите, се прибираат  докази од нивните адвокати. Кога ќе заврши оваа постапка ќе се знае против колку луѓе ќе биде покренато обвинение , велат од обвинителството. Не се знае против кого се се води истрага, од ОЈО не откриваат детали. Случајот скоро две години е заглавен во обвинителството. Тамара почина како резултат на институционална негрижа, чекајќи да добие одобрение за операција во странство. Нејзината мајка Жаклина Димовска вели дека освен иисказот што го дала пред истекот на минатата година досега ниту билоа повикана ниту ја известиле за текот на истрагата.

„Се дознавам од вас новинарите. Никој досега не ме побарал ниту ме извесил нешто од обвинителство. Почнав да губам надеж, случајот скоро две години тапка во место, јас не знам до кога вака“, изјави за НОВА, Жаклина Димовска, мајка на починатата Тамара.

И покрај тоа што мајката на Тамара има право да знае до каде е истрагата таа досега ниту еднаш не била повикана во обвинителството, велат во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму потенцираат дека се поминати сите законски рокови во Законот за кривична постапка и системот се покажал како неефикасен. Токму поради овие причини Хелсиншкиот комитет за случајот со Тамара, подготвува апликација до Судот за човекови права во Стразбур.

И покрај многуте граѓански акции на кои се повикуваше на оставка и одговорност, од функцијата си замина само директорката на ФЗО, Маја Парнаџиева Змејкова. Министерот Тодоров тогаш изјави дека бил разочаран , но дека не чувствувал одговорност за смртта на девојчето.

 

обвинение ОЈО Тамара
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.