Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две струи во ВМРО ДПМНЕ пред одлуката на Мицкоски за референдумот

0
By Соња Петрушевска on September 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе ја соопшти конечна одлука за референдумот. Во партискиот штаб на средби со партискиот врв се пратениците, по што седница ќе одржат Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Партиски извори брифираат дека Мицкоски избира меѓу две опции – дали да го повика своето членство по сопствено убедување да гласа на референдумот „за„ или „против“ Договорот, или да го повика членството самото да одлучи дали воопшто ќе гласа или не на референдумот.

Втората опција која гласно ја застапувале поранешни функционери од времето на Груевски ќе значи затскриен повик за бојкот, коментираат партиски извори. „Ако изминатиов период водите кампања против Договорот со Грција, ваков повик од партискиот врв ќе значи исто што и повик за бојкот“, велат нашите извори.

Поддржувачите на повикот за прикриен бојкот, и покрај сугестиите на лидерите на сестринските партии на ВМРО ДМПНЕ, Меркел и Курц, го убедувале Мицкоски дека со ваква позиција тој би ја зацврстил лидерската позиција во партијата, а ќе го ископлицира и референдумот околу цензусот.

Во ваква ситуација ВМРО ДПМНЕ би добила простор да стане фактор кога процесот ќе се врати во Парламентот.

Другата струја која ја предводат реформаторите, но има поддршка и кај членови на Извршниот комитет аргументира дека партијата која од секогаш се залагала за референдум за името, не може да повикува на бојкот, туку треба јасно да порача дека членството треба да гласа, но по свој избор. Со ваков повик, ВМРО ДПМНЕ јасно ќе се дистанцира од повиците за бојкот, ќе води кампања за недостатоците во Договорот, а ќе остане доследна на евроатлантската интеграција за која се залага.

Официјално во партијата велат дека е рано да се процени која опција преовладува, затоа што се уште траеле консултациите.

Партискиот став, Мицкоски го навести на митингот во Кичево на 2 септември, кога кажа:

-Јас сум слуга на мојот народ, кој сум јас да му кажувам на народот што да прави, рече Мицкоски, со што јавно порача дека од партијата не треба да се очекува дециден став за референдумот, туку дека ќе остават одлуката да ја донесе членството.

Доколку преовлада ставот и ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да ги повика гласачите сами да одлучат дали воопшто ќе излезат на гласање или не, разногласието во партијата ќе се пренесе и на денот на референдумот, со оглед на тоа што дел од членството веќе јавно се изјасни дека ќе излезе и ќе гласа на 30 септември, а други како Антонио Милошоски се изјаснија за бојкот.

Ова е прва клучна одлука која треба да ја донесе новиот претседател на партијата Мицкоски кој го презеде раководењето на ВМРО ДПМНЕ пред 9 месеци. Многумина сметаат дека токму вечерашната одлука ќе го профилира идното дејствување на Мицкоски, кој, од една страна треба да најде начин да ги обедини двете струи, но и да донесе одлука која нема да биде спротивна на интересите на државата во овој стратешки момент.

Од партијата најавуваат дека одлуката ќе ја соопшти Мицкоски доцна вечерва или утре изутрина.

 

ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.