Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двете новородени близначиња кои починаа во Прилеп биле премрзнати, велат од болницата

0
By Marija Todorovska on January 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2025 15:18

Причината за смртта на новороденчињата-близначиња од прилепското село Славеј ќе се констатира со обдукцијата која ја нареди јавен обвинител, по вчерашната трагедија кога по тешка здравствена состојба починаа две бебиња, едното, машкото во семејниот дом во Славеј, а другото, женско бебе, во прилепската болница.

Од Болницата известија дека кај бебињата имало премрзнатост. Биле родени во Болницата на 30 декември, недоносени во 34 гестациска недела, со мала тежина под два килограми. Мајката, на своја одговорност на 10 јануари решила да си ги земе бебињата во својот дом во Славеј.

На 16 јануари, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13:00 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче. Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти, известуваат од Општата болница со проширена надлежност во Прилеп.

Екипа од прилепскиот Центар за социјални работи од Прилеп вчера, а и денеска, направила увид во домот на семејството во Славеј кое има уштри три малолетни деца, од 4,5 од 3 и од 1,5 годишна возраст.

Педагогот Гордана Велјаноска вели дека условите за живот се скромни, хигиената не е на завидно ниво, но семејството не е во социјален ризик. Ќе има советодавни средби со родителите.

Не станува збор за екстремно лоши, нехумани услови како што во текот на вчерашниот ден се презентираше во јавноста. Стамбените услови се релативно добри, има простории за живеење, единствено недостасува хигиената во домот која не е на завидно ниво. За време на нашата посета домот беше топол, имаше храна за децата, беа соодветно облечени, ги чуваше нивниот дедо. И денеска беше направен увид во домот. Беа подобрени хигиенските услови. Родителите се подготвени за соработка. Ќе имаме советодавни средби. Ова семејство е корисник на правото на додаток за трето дете и надомест за детски додаток. Таткото работи аргатски работи. Во наредниот период Центарот ќе преземе стручна советодавна работа со родителите во насока на подигнување на родителските капацитети. По донесување решенија за вршење надзор на родителското право, ќе бидат наведени конкретни задолженија кои треба да ги исполнат родителите и ние ќе го следиме тоа, изјави Велјаноска.

Од Центарот за социјални работи велат дека мерките ќе зависат од резултатите од обдукцијата за причината за смртта на бебињата.

При посетата во селото Славеј соседите изразуваат жалење за загубата и трагедијата, потврдувајќи дека семејството живеее сиромашно, а им помагале колку што можеле. Дедото на децата, Пецо Ристески денеска се грижеше за трите внучиња од синот и снаата.

Ете, се случи. Имаа нешто, бронхит. Јас ги чувам децата. Олвде е топло, згрижени се и лажат сите кои велат дека немаат услови за живот, рече Ристески.

За причините за смртта на бебињата ќе се чекаат резултатите од обдукцијата која ја нареди јавен обвинител од прилепското основно јавно обвинителство.

бебиња Близнаци премрзнатост Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026Updated:August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.