Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дворот на ВМРО или на Владата ќе бидат затрупани со канабис

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбивањето на предлог законот за дроги од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој побара тој да се одложи за периодот по изборите, е штетно за економијата. Со законот се регулира и конопот, се регулираат многу други дејствија кои му даваат на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои се есенцијално битни за да се види бенефитот од оваа индустрија. Штетно е ако не се донесе овој закон, вели Костадин Дуковски првиот човек на Здржението на одгледувчи на медицински канабис Макканабис за Утрински Брифинг.

На прашањето какви ќе бидат следните чекори Дуковски вели дека иако првично било на шега кажано дека ќе го истурат канабисот пред влада, сепак можно е тоа да се случи – или пред влада или пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со законот се регулира и конопот, се регулираат многу други дејствија кои му даваат на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои се есенцијално битни за да се види бенефитот од оваа индустрија“, вели Дуковски.

Според него несфатливо е како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги гледаат придобивките од индустријата која на дневно ниво се развива во светот и добива се поширок размер во лекувањето на тешко излечивите заболувања каде класичната медицина не покажува големи резултати. Со недонесувањето на законските измени, нагласува тој, се создава ризик од затворање на една цела стопанска гранка и дава негативен сигнал за домашните и странски инвеститори.

Сосема спротивно на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од Макканабис, со законот ќе се воспостави целосна контрола над производството, злоупотребата и употребата за медицински цели на опојните дроги и психотропни супстанции, а со тоа и заштита на животот и здравјето на луѓето и ќе се овозможи домашните производители на канабис за медицински цели да го извезуваат својот производ на светските пазари.

Со новиот Предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја рагулира материјата.

Досега во Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата имаат добиено 29 фирми кои се затрупани со сув цвет, а само тр-четири од нив засега имаат инвестирано во сопствени погони за екстракција на масло од канабис.

„Дозвола за извоз на сув цвет како краен производ е спасоносното решение за поновата производствена гранка. Постои опасност 740 луѓе да останат на улица“, рече неодамна Дуковски.

Интересот за инвестирање на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и  поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и  сувиот цвет од растението канабис. Целта на донесувањето на нов закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога, и супстанции кои можат да се употребат за производство на опојни дроги или психотропни супстанции и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на употребата и на квалитетот на опојните дроги и психотропните супстанции.

дуковски закон канабис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.