Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дворски игри во НСДП – честитката за Мисовски од Трајковски била измислена?

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 15:31

Кристијан Трајковски, организацискиот секретар на НСДП демантира дека се повлекол од битката за претседател, како што претходно објави извршниот одбор на партијата, повикуваќи се на одлука донесена на седница на која наводно партијата, сепак, на крајот решила на конгресот на 4 јуни да излезе со еден кандидат.

– Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот, смета Трајковски.

Тој обелодени дека во партијата поединци го злоупотребуваат партискиот мејл и тврди дека на тој начин ја дезинформираат јавноста.

– Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити,– вели Трајковски.

Тој додава дека нема да дозволи да ја изневери довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за демократски промени во партијата, повикувајќи ги сите делегати и членови на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал, со цел да се обезбеди вистински демократски конгрес, кој на крајот ќе ја обедини партијата.

Од партијата, претходно соопштија дека на крајот од седницата на Извршниот одбор, наводно Кристијан Трајковски, како потенцијален кандидат за претседател ја повлекол својата кандидатура и му честита на Горан Мисовски, единствениот кандидат за претседател на НСДП утврден од страна на Централниот одбор на партијата.

Трајковски, како што беше пренесено од седницата, упатува порака НСДП да остане единствена, обединета и да биде модерна партија, која ќе има значајна улога на македонската политичка сцена и партија со ново раководство, кое ќе продолжи да ги следи вредностите на основачот и прв лидер Тито Петковски

лидер НСДП Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.