Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еден месец „Шарена револуција“ – стоп за инспекциите и заплашувањата

0
By Влатко Чаловски on May 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Циклусот еден месец „Шарена револуција“ денеска беше одбележан во знак на поддршка кон индивидуалните бизнисмени кои се под притисок од власта поради нивниот отпор на политиките. Впрочем затоа и беше обоена во разни бои зградата на Пазарната инспекција.

Како и вообичаено, протестот започна пред седиштето на СЈО во знак на поддршка за работата на оваа институција која треба да ги расчисти индициите за криминал кои произлегоа од прислушуваните телефонски разговори а кои ги објавуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Маршот се одвиваше преку улицата каде што е трговскиот центар Рамстор и обоената зграда на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пропратен со ревулуционерна музика и свирежи.

Потоа преку 11 Октомври демонстрантите се упатија кон зградата каде што живее екс-премиерот Никола Груевски а во меѓувреме гласно се скандираше „Шутка не ти бега Никола“ како порака против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Симболично беше промовиран и портрет на Груевски кој “командосите“ на „Шарената револуција“ го обоија во разни бои. Приодот до зградата на Груевски беше блокиран.

Говорници на денешниот собир беа Ана Глигорова од Левица и Сања Лукаревска од СДСМ, кои порачаа дека политиките на власта се штетни и заплашувањата и инспекциите кон локалите мора да запрат.

pazБарањата на шарените револуционери:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците! Нема правда, нема мир!
#Протестирам #Protestoj ”

#Шарена револуција Груевски инспекција протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.