Актерот Стивен Сигал е назначен за специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни врски со САД.
Во соопштението од руското МНР се наведува дека целта на назначувањето е да се подобри развојот на односите меѓу двете земји „во хуманитарната област, вклучувајќи ја и сферата на културата, уметноста, како и прашањата од областа на младите и социјалниот живот.”
Рускиот претседател и американскиот актер се долгогодишни пријатели. Обајцата делат иста пасија – се страствени вљубеници во боречките вештини. Сигал важи за експерт за аикидо додека Путин за џудо. Талентот и знаењето што го поседуваат имаа прилика и заеднички да го демонстрираат пред учесниците на Источниот Економски Форум во Владивосток.
Со новата функција, Сигал доби и руско државјанство со што стана третата славна личност наклонета кон официјална Москва по боксерот Рој Џонс Џуниор и францускиот актер Жерар Депардје.