Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година Влада: Атмосферата е сменета, за реформи ќе се почека

0
By Соња Петрушевска on May 30, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 30, 2018 16:01

Една година по драматичните случувања и трансферот на власта по 11 годишно владеење на ВМРО ДПМНЕ, атмосферата генерално е променета и покрај перцепцијата дека не се остварија сите очекувања од „реформската“ влада предводена од Заев.

Во овој период власта покажа дека ги слуша реакциите на граѓаните, кои сега послободно го искажуваат својот став, но исто така не успеа да ги испорача ветувањата на краток рок.

Поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малески вели дека „недостатоците во практицирањето на власта се производ на фактот дека ние се’ уште не сме изградиле демократска нормална држава со строги контроли кон поведението на власта“. Затоа долгорочна цел треба да биде воспоставување на систем кој ќе ги штити граѓаните од злоупотребите на институциите .

„Не треба да заборавиме дека оваа Влада дојде на власт во време на криза  која западниот свет ја нарече „заробена држава“. Самиот тој факт зборува за она што претстои како задача пред оваа влада и многу идни влади, а тоа е како долгорочно да се рехабилитира  демократскиот  систем на владеење, систем под демократска контрола, што како проект е многу тешко изводлив и не може да се направи  во рок од една година. Има интересна мисла што треба да ја имаме на ум: „Не се партиите тие што го спасуваат општеството, туку демократскиот систем не’ спасува од ексцесите на партиите“. Затоа е важно опозицијата да разбере дека во  овој историски момент не е најважно тие веднаш да дојдат на власт туку да соберат сили во градење на демократски систем на контролираната власт, бидејки опозиција сеуште се колеба да превземе дел од својата голема вина за претходната состојба и да се приклучи кон овој проект за консолидиација на македонската демократија“ вели Малески.

Во овој процес евроатлантската интеграција е исклучително важна, за да не’ влече кон реформирање на политичкиот систем на заробена држава .

„Останува да видиме како ќе се однесуваат опозициските партии кои како што забележувам почнуваат повторно срамежливо да играат на националистичката карта. Се надевам дека  нема да тргнат по тој пат и сепак ќе дадат подршка за еден проект, членство во НАТО  и ЕУ. Големите отстапки кои Македонија ќе ги направи во овој процес не можат да се мерат со фактот дека навистина се работи за спас на државата  и нацијата. Во секој случај мислам дека  сите се свесни за големата храброст што ја покажа лично премиерот и владата на Македонија  во отворање на оваа многу важна перспектива за Македонија“ вели Малески.

Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов  оценува дека една година по формирањето на новата Влада,  многу задачи останале незавршени, пред се’ поради фактот што таа функционирала во тешки услови –  со мнозинство од само 61 пратеник, несредени односи со Претседателот на државата, непризнавање на собранискиот спикер и бојкот од страна на опозицијата. Но, исто така, коментира Андов дека  дел од најавените мерки пред се’ во економијата и социјалата  можат да завршат како популистички – ако за нив не се обезебди доволен економски раст.

„Овие резултати што ги слушаме како обезбедување на социјални права  се еднократни ние не  знаеме дали ќе може да ги одржиме ако немаме економски раст, а  тоа е се’ уште неизвесно . Мислам дека се реални предвидувањата од Народната банка за економскиот раст,  а тоа е низок раст – мал за поамбаициозни  социјални или економски промени “ вели Андов.

Според него, Владата се’ уште се наоѓа на крстопат – дали  може да стори нешто за да ги забрза економските процеси, „зашто на пазарот доминира волјата на владата, сакале ние тоа или не ние сеуште немаме пазарна економија, туку е  преголемо учеството на Владата во животот на економијата“, вели Андов. Тој очекува и повидлива борба против корупцијата, за која „само зборуваме, но не сме направиле нешто сериозно, за некој да ни поверува“ вели Андов.

И аналитичарот Алберт Муслиу  се согласува дека економијата  најмногу  влијае врз расположението на граѓаните – голем дел од обврските, државата почна да ги исплаќа но мора да има поголемо раздвижување кај јавните трошења.

„За сите оние кои имаа преголеми очекувања и мало трпение не се реализирани сите очекувања. Има реални оправдувања, но факт е дека мандатот не почна идеално “, вели Муслиу. Тој  бара да се преиспита и работата на дел од државните функционери и советници и да има одговорност за сите оние кои во овој изминат период потфрлиле и ја пропуштиле шансата која им била дадена.

 

 

Андов Влада една година Заев Малевски Муслиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.