Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едни кон Месечината и иновациите – ние кон Дрисла

0
By Zoran Ivanov on January 30, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 30, 2026 14:12

Ни недостасува нормалното да биде нормално. Додека некои наши другари, пријатели, колеги од останатиот дел на Европа веќе сериозно размислуваат на нови , непознати нешта , ја изучуваат и користат вештачката интелегенција , ние се радуваме на чистење ѓубре проследено со камери и дронови во главниот град , и поставување канти за отпадоци. Едните кон Месечината и иновациите , ние кон Дрисла.

Кристијан Дојчиновски

Студирам во Словенија, работам во Германија, планирам на Work and Travel во Америка и не се враќам дома.. овие фрази ни станаа секојдневие. Тажна вистина , сурова реалност. Болат фразите највеќе поради фактот дека доаѓаат од младите, од студентите, од надежната генерација интелектуалци кои треба(ше) да ја создаваат иднината тука , да ја градат државата… Доаѓаат од оние што ги користите (и едните и другите , и третите..) за делење промотивни материјали и лепење постери пред избори. Нивните фрази се тивки , мрачни , слични на оние искажани пред ужасна сцена во хорор филм. А не сме далеку од хорор. Ужасни сцени веќе подолго време гледаме. Тажни слики , болни прегратки. Егзодус.

Ова е секојдневието на нашите аеродроми , автобуски , железнички станици. Истите они автобуси со кои се фалиме дека ќе биле бесплатни за интелектуалците, академските граѓани – студентите. Како да е 8мо светско чудо бесплатниот превоз за студенти, а не реална потреба за нив. Или реалност можеби во други држави , тука сеуште на ниво на мит , на предание , дека некогаш некаде на друго место е реалност. Наместо последната станица да е пред некој од нашиве факултети , (коишто успеавме(те) да ги потонеме(те) под било каква норма споредбена со останатите држави) , тие сопираат на станици некаде далеку, ширум Европа и Светот. Причини има веројатно многу, а решенија? Уште поверојатно многу малку или воопшто нема или барем не досега. А 34 години нудиме “решенија”.

Очигледно ништо суштинско , само листови хартија во предизборни програми. Барем на таа хартија да не имаше нас. Нас – млладите , студентите , надежите на оваа држава, идните експерти во различни професии. Предизборни програми , кампањи , препукувања на дневна основа , меѓусебни напади , навреди , и се така во континуитет 34 години, а младите? Младите се важни исто колку и капка вода во Тихи океан , можеби да беше компарацијата со пустина наместо океан и ќе се израдувавме, но вака сигурно не.

Впрочем последните избори го покажаа тоа , ја покажаа незаинтересираноста , апатијата , недовербата на младите во ваквите понуди на политичките партии. Ни треба промена. Системска. Ни треба гаранција, сигурност. Ни треба слух од големите политичари.Ни треба стратегија. Долгорочна. Од младите за младите. Ни недостасува нормалното да биде нормално. Додека некои наши другари, пријатели, колеги од останатиот дел на Европа веќе сериозно размислуваат на нови , непознати нешта , ја изучуваат и користат вештачката интелегенција , ние се радуваме на чистење ѓубре проследено со камери и дронови во главниот град , и поставување канти за отпадоци. Едните кон Месечината и иновациите , ние кон Дрисла. Несериозно е за една метропола во која “висат” галии на Вардар и “цветаа” палми по тротоари. И повторно како и досега младите во втор , трет , последен план. Можеби е доволно.

Сега е моментот. Да се смени нешто. Да се даде можност на оние кои сакаат , веруваат и можат да донесат промени. На оние не корумпираните. На оние на кои им е смачено да го гледаат и живеат ова секојдневие. На онии кои сакаат нивните деца да растат токму тука , во нашата Македонија.

Но , во Македонија која ќе следи Европски трендови , а не барокни фасади. Македонија има и квалитет и капацитет, недостасува фокус. Фокус кон реалноста, кон секојдневието, кон младите. Доволно асфалтиравме и бекатонизиравме, улици и тротоари , сепак се наоѓаме во 21 век. Ера на иновации и технологии во која ние сме како автобус на ЈСП во Формула 1 трка. Доцниме. А добро знаеме кој би можел да фати чекор во таа трка.Кој ? – Младите.

Неопходни се промени. Промени не за сопствени интереси и џебови. Промени за младите. Промени за иднината. Младите не бараат многу и не импровизираат , не фантазираат. Бараат она што им следува или би требало да им следува. Нормални услови за образование , нормално здравство , нормални можности за формирање семејство и осамостојување. Нормални услови за дејстувавње и креирање. Можности да бидат слушнати. Да бидат задржани тука и да делуваат, да градат , да создаваат…

Можности да бидат дел од промените кои се нужни. И повторно истата желба , една , единствена , исполнителна – нормалното да биде нормално. Да се фокусираме на тоа. Бидејќи сум млад , ќе се изразам во прво лице – ни должите , многу ни должите , за сите наши другари рассеани по светот. Не не доведувајте во ситуација повторно да броиме неизносени обувки пред Влада.

Борете се. За нас. За иднината. За државата. За Младите дома !

 

 

колумна Кристијан Дојчиновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.