Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едно починато лице и 66 нови случаи на ковид-19, вкупно 974 во земјава

0
By Нова ТВ on April 15, 2020 ВЕСТИ
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно починато лице, 66 нови заболени и 12 оздравени, е билансот за ковид-19 во земјава во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму нагласуваат дека смртниот случај се однесува на лице кое пред два дена почина во болницата „8 септември“, а денеска е пристигнат резултатот од земениот материјал за тестирање кој бил позитивен. Пациентката беше од Скопје на возраст од 76 години и хоспитализирана со симптоми на вирусот, па, согласно конечната потврда за присуство на ковид-19, од МЗ потенцираат дека случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на коронавирус во земјата или по градови: Скопје – 10, Куманово – 27, Штип – 3, Прилеп – 4, Тетово – 5, Струга – 4, Велес – 2, Охрид – 5, Гостивар – 1, Кочани – 3 и Неготино – 2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјава изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 339
Куманово – 262
Дебар – 49
Штип – 31
Прилеп – 89
Тетово – 43
Струга – 47
Велес – 36
Битола – 9
Охрид – 9

Kaвадарци – 3
Гостивар – 10
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 25
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Неготино – 2

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатото деноноќие се направени 500 теста. Преку ИЈЗ – 310, преку Ветеринарен факултет – 24, „Авицена“ – 24 , „Биотек“ – 24 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57 од кои 14 на кислородна поддршка и шест на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 34. На респираторна машина се шест лица, а осум имаат потешка клиничка слика.

Во битолската болница, до утрово, се хоспитализрани пет пациенти, сите во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај тројца од нив, а за денеска е најавен уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат осум лица.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно осум пациенти, сите се стабилни, а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.

Коронавирус Македонија Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.