Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕИБ: Инвестирани се 853 милиони евра во Западниот Балкан за поддршка на зелени и дигитални проекти

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 15:50

Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестирала вкупно 853 милиони евра во државите од Западниот Балкан, наменети за одржлив развој, зелена транзиција, дигитализација и за поддршка на малите бизниси.

За малите и средните претпријатија се инвестирани 560 милиони евра како помош за одржување на ликвидноста, инвестициите, задржувањето на работните места и создавањето на нови можности за вработување. Минатата година, ЕИБ ставила на располагање и 257 милиони евра за заштита на животната средина, побезбедни и ефикасни енергетски мрежи, одржлив транспорт и воведување на климатски погодни проекти меѓу малите компании.

– Заедно со Европската комисија и другите партнери, ЕИБ планира да ја зголеми поддршката за да му помогне на регионот да го забрза спроведувањето на Зелената агенда, велат од банката.

Оттаму посочуваат и дека со приближно 200 милиони евра инвестирани во дигиталниот сектор на Западен Балкан од 2020 година, ЕИБ е еден од најголемите двигатели на дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан.

– Нашата поддршка беше опиплива не само во финансирање, туку и преку зголемување на нашата техничка поддршка за имплементирање на Економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда во Западен Балкан која ќе го постави курсот кон почиста животна средина и подобри услови за живот. Ние му помогнавме на регионот да се адаптира на новата дигитална ера преку отклучување на значителни средства за подобрување на дигиталната инфраструктура и вештини. Сега, со лансирањето на ЕИБ Глобално, ќе бидеме во позиција да реагираме веднаш и да допреме до конкретните потреби на терен, да го прошириме нашето партнерство и знаење и умеење до држави и региони на кои тоа им е најпотребно. Тоа отвора ново поглавје и го издигнува нашиот достиг надвор од ЕУ, овозможувајќи ни уште поуспешно да го управуваме кормилото на дигитализацијата, активностите за климатските промени и инклузивен раст, вели Лилјана Павлова, потпретседателка на ЕИБ одговорна за Западен Балкан.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земји-членки. Таа овозможува долгорочно финансирање за здрави инвестиции со цел да се придонесе кон целите на политиките на ЕУ

европска инвестициска банка екологија Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.