Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Можни санкции за македонските политичари ако нема прогрес

0
By Светлана Јовановска on April 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2016 16:29

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов го нарушува договорот од Пржино, оневозможува кредибилни избори кои ќе бидат признаени во светот а граѓанското општество ја има европската поддршка во мирните протести.

Европската комисија засега крева раце од организирање нови лидерски средби и очекува нејзините лидери да најдат пат за излез од кризата. Во спротивно, ЕУ може да воведе санкции против македонските политичари, вели европски извор за НОВА. Комисијата, се разбира, останува на располагање доколку Македонија од неа побара помош.

Ова е суштината на изјавата на нашиот европски извор како и на пораката која денес ја испратија комесарот Јоханес Хан и тројцата пратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението од Хан, Вајгл, Кукан и Ховит:

“Како ЕУ комесар и медијатори на Европскиот парламент, жалиме дека лидерската средба планирана за 22 април во Виена не може да се одржи. Целта на оваа средба беше да и се помогне на земјата да најде пат напред во примената на договорот од Пржино со учество на сите потписници на договорот.

Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои ги нарушуваат договорот, мораат без одлагање да бидат решени. Тоа се однесува пред се на неодамнешната амнестија на претседателот и чекорите што итно треба да се направат за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

Ние остануваме цврсто определени и стоиме на располагање за да им дадеме помош на партиите. Сепак, подвлекуваме дела одговорноста за демократски напредок и прогрес на евро-атланскиот пат лежи кај партиите во име на граѓаните на нивната сопствена земја. Сега е на нив ред да реализираат и да го дефинираат патот кој води напред.

Постојано повторуваме дека нарушувањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме поради ретрградните чекори кои ја туркаа земјата вон нејзините аспирации кон влез во Европската унија.

Поради отсуство на било каков прогрес, ние ќе мораме да констатираме понатамошни акции за да се реализираат јасните барања на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент.

Исто така ги примаме на знаење изјавите и акциите на граѓанското општество во земјата и ја даваме нашата целосна поддршка за сите мирни напори за да се обезбеди плурализам и слобода на мислење, централни вредноси на сите европски демократии”.

Виена ЕК Пржино санкции Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.