Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК за судството:Покрај законски, потребни се и промени во однесувањето

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За спроведување на планираните реформи во судството ќе биде потребно време и промени во однесувањето (Implementing the planned reforms will take time and require a change in behaviour) е клучната забелешка и препорака нотирана во Извештајот на Европската комисија во делот на состојбите во правосудниот систем во земјава и владеењето на правото.

Осврнувајќи се токму на оваа забелешка, професорката Мирјана Најчевска за НОВА вели дека, она што ЕК сака да ни го каже е дека за спроведување на реформската агенда во правосудството, нема да бидат доволни само законски и институционални промени, туку и промени во однесувањето на луѓето, на политичките елити и на чинителите во правосудството.

Според Најчевска самиот извештај во делот на состојбите во правосудството не е позитивен, туку она што позитивно се оценува е искажаната желба за реформи и за промени.

-Она што е основното од извештајот на Европската комисија е дека во изминатите период ситуацијата со судскиот систем била толку лоша и дека биле изгубени сите параметри на она што значи независно судство. Позитивната оценка на Комисијата се однесува на отвореноста и на искажаната волја за реформи . Тоа е позитивната забелешка. Реформата ќе биде многу долга, многу тешка и во неа, како што се наведува во извештајот нема да биде доволна само законската и институционалната промена, туку ќе треба промени во кодексот на однесување-вели професор Најчевска.

Со зборовите на ЕК, генералната оценка за судскиот систем во земјава е дека има одредено ниво на подготвеност, а најзначајниот напредок е постигнат е со усвојувањето на новата Стратегија за реформи во судството.

Она на што ќе треба да се фокусира земјава во следниот период е:

-да ги усвои и спроведе мерките вклучени во стратегијата за судски реформи за системите за назначување и унапредување во судството, и заштита на судството од политичко мешање;
-да ги усвои и спроведе реформите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, осигурувајќи дека тие ги исполнуваат нивните улоги во заштитата на независноста на судиите и на обвинителите;
– да се осигура дека сите реформи, особено оние што се однесуваат на институциите, се засноваат на длабоки анализи на недостатоците и потребите преку инклузивен процес на консултации со сите релевантни засегнати страни.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да бидат проактивни

Извештајот во добар дел се осврнува на работата на Судскиот и на Советот на јавните обвинители, како регулаторни тела, чија реформа треба да придонесе за заштита на судиите од влијанија и за независност на судството.

Од ЕК велат дека од суштинско значење е двата совети да не го чекаат исходот од законските реформи за да се справат со критиките и да покажат независност и проактивен пристап за подобрување на нивната работа“, велат од ЕК.

„Должноста на Судскиот совет е да ја заштити независноста на судството како целина, спроведувајќи ја својата надлежност во назначувањето, оценувањето и дисциплинските постапки во согласност со законот. Во моментов членовите на Судскиот совет не можат да бидат повикани на одговорност од ниту една институција доколку потфрлат во извршување на своите надлежности“.

За Советот на јавни обвинители, ЕК нотира дека Советот останува недоволно финансиран и недоволно екипиран и нема соодветна ИТ поддршка и веб-страница.

Забелешки има и во однос на контрадикторноста околу хиерархиската улога што државниот јавен обвинител ја има во системот на обвинителството.

„Неговите овластувања ја поткопуваат независноста на Советот на јавни обвинители. Постапката за положбата и изборот на државниот јавен обвинител, во догледно време, ќе треба да се ревидира за да се усогласи со европските стандарди“, се наведува во Извештајот.

Во делот за независноста и непристрасноста, ЕК нотира дека позитивен чекор кон враќање на поделбата на власта е направен со одлуката на Уставниот суд од ноември 2017 година за поништување на законот за одредување на висината на казните, кој беше во спротивност, осносно се мешаше со назависноста на судството.

„Меѓутоа, потребни се понатамошни напори да се сменат ефектите од минатиот период и да се гарантира целосна независност на судството во пракса. Останува ризикот од политичко мешање во судството. Особено е важно Судскиот совет ефикасно да ја исполни својата задача за заштита на судската независност и да ги заштити судиите од несакани надворешни и внатрешни притисоци“.

Владата да обезбеди повеќе пари во буџетот за судството и обвинителството

Европската комисија во извештајот бара властите во земјава да обрнат внимание на зголемување на буџетот за судството и за обвинителството, како и зголемување на бројот на судии и обвинители.

„Како што е соопштено од земјата, буџетите за 2017 година за судовите изнесуваат 14,9 евра по глава на жител и 3,51 евра по глава на жител за обвинителства. Овие нивоа на финансирање остануваат значително пониски од европскиот просек по глава на жител. Земјата известува дека има 27 судии и 8 обвинители на 100.000 жители, во споредба со европскиот просек од 21 судија во 2014 година и 11 обвинители на 100.000 жители. Потребна е ефикасност и соодветна распределба на ресурсите за правилно спроведување на новата стратегија за реформи во судството“, стои во извештајот.

ЕК нотира недостатоци во однос на транспарентноста, процедурите и квалификуваноста на кандидатите при назначувањето на некои претседатели на судови. Во извештајот има забелешки на користењето на мерит-системот при назначувањето на судии и јавни обвинители и очекува тоа да биде променето со спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството.

„Принципот на меритократија не беше секогаш почитуван при изборот на судии и на јавни обвинители. Се очекува дека промените предвидени со судската стратегија ќе воведат квалитативни критериуми во системот на професионална евалуација. Досега овој систем останува во голема мера заснован на квантитативни критериуми“.

СЈО да ја продолжи работата

Во делот за Специјалното јавно обвинителство ЕК забележува дека СЈО се соочува со помалку отпор од судовите, со што може да работи поефикасно, но дека се потребни законски измени за да може да продолжи со својата работа.

„Одредбите од Законот за Специјалното обвинителство поставија рок до јуни 2017 година за СЈО да поднесе обвиненија врз основа на материјалот од прислушуваните разговори што го доби во декември 2015 година. Додека поголемиот дел од истрагите резултираа со обвиненија пред истекот на крајниот рок, остануваат нејасни тековните надлежности на СЈО во врска со прислушуваните разговори. СЈО ја продолжи својата анализа на материјалот и продолжи да иницира нови истраги. Мора да се најде законско решение за да се обезбеди законска одговорност за кривичните дела кои произлегуваат од содржината на прислушувањето. Ова бара законски измени за да се овозможи работата што ја презеде СЈО да може да продолжи“.

 

Извештај на ЕК однесување правосудство промени СЈО Совет на ЈО Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.