Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Екоцентар 97“: Девет хемиски материи во ОХИС препакувани и подготвени за транспорт

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Санирани се садовите под притисок со хлор (81 боца и еден контејнер) и истите беа натоварени во АДР возило и испратени во специјализирана компанија во Србија каде што се изврши санација на оштетените вентили по што супстанцата беше извлечена со процес на дегазација, соодветно истретирана и вратена во кругот на фабриката во Скопје, се вели во соопштението на компанијата „Екоцентар 97“ која беше избрана како најповолен понудувач за „изведување на услугата за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС – во стечај“ со решение донесено од Основен Суд 2 на 12 октомври во 2018 година.

Во дописот е наведено дека заклучно со денес, останатите девет хемиски материи се преточени, препакувани во соодветна амбалажа (АДР буриња), уредно складирани во магацин во рамки на ОХИС и подготвени за транспорт за што се обезбедени сите потребни дозволи. Во моментот се очекува финална координација со компанијата од Швајцарија која треба да го изврши процесот на согорување. За времетраење на постапката на препакување на отпадните хемикалии постојано се вршеле мерења на температурата и токсичните гасови во просториите каде се вршеа процесите.

„За целокупниот временски период на вршење на активности, преземени се сите мерки пропишани во рамки на „Елаборатот за безбедно отстранување на хемиските материи/отпад во АД ОХИС во стечај“ и „Планот за безбедност и заштита при работа“. Лицата кои работат на локацијата постојано носат соодветна заштитна опрема. Согласно договорот, „Екоцентар 97“ обезбедува 24 часа надзор од физичко обезбедување на магацинот во кој се складирани спакуваните хемикалии, со цел да се спречи пристап на неовластени лица. Сите празни цистерни и складишни места во кои беа складирани хемикалиите пред нивното преточување, се измиени (во моментот нема складирани супстанци) и не се предмет на надзор. Секојдневно се врши мерење на температурата и токсичните гасови во просториите каде што во моментот се складирани АДР бурињата, за што уредно се водат записници“, стои во соопштението на „Екоцентар 97“.

Метил Акрилат Мономер

Од компанијата истакнуваат дека празниот резервоар во кој во минатото бил складиран Метил Акрилат Мономер бил наполнет со вода на 7 ноември оваа година и притоа не е забележано течење или негова неисправност. Во текот на ноќта, едниот вентил попуштил и дошло до истекување на вода со остатоци од Метил Акрилат Мономер во безбедносните бетонски базени т.н. танквани во кои и се задржала без да истече во почвата и во подземните води.

Според Протоколот за справување со вонредни ситуации, веднаш се повикани екипи на АРМ и на Дирекција за Заштита и Спасување кои се исклучиво и единствено надлежни за вакви случаи во кои треба да се утврди степенот на опасност. Присутните екипи на терен, вклучително и лабораторијата “Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, извршија мерења на воздухот.

„По извршеното мерење, согласно процедурите за ваков вид процес, истечената вода со остатоци на Метил Акрилат Мономер е собрана во соодветни АДР буриња, складирани и подготвени за транспорт и согорување, еднакво како и сите останати, до овој момент, складирани супстанци. Притоа е утврдено дека се работи за два тона вода со остатоци од Метил Акрилат Мономер. Според резултатите од извршените мерења на локацијата на резервоарот со Метил Акрилат Мономер од Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРСМ е утврдено дека на 08 ноември во 17 часот има средно ниво на контаминација на местото на истекување на течноста и ниско ниво на контаминација во неговата непосредна близина. Три дена подоцна во 11,30 часот на локацијата на резервоарот не е детектирано присуство на хемиска контаминација“, велат од „Екоцентар 97“.

Винил Хлорид

„Екоцентар 97“ презеде обврска и за соодветен третман на хемиската супстанца Винил Хлорид во рамки на А.Д. ОХИС Скопје. При извршениот теренски увид, утврдено е дека винил
хлоридот е складиран во херметички сад под притисок (цистерна) до која недостасува соодветната инфраструктура (шини).

„Заклучно до денес, не се знае во каква агрегатна состојба се наоѓа оваа супстанција и во каква хемиска реакција постои можност да стапила супстанцата во изминативе 30 години“, е наведено во соопштението на компанијата.

Според стручното мислење на д-р Светомир Хаџи Јорданов, професор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, температурата на која треба да се чува винил хлоридот зависи од точната структура на хемикалијата што во моментот е непозната. Затоа е монтиран и соодветен систем за ладење врз целиот сад (цистерна) со автоматизиран систем за активирање во случај кога надворешната температура ќе надмине 20 степени целзиусови.

Количини 

Согласно увидот, од „Екоцентар 97“ истакнуваат дека е изготвен инвентар на хемиските материи/отпад по методологија на претпоставени количини врз основа на декларирана количина истакната на постоечките пакувањa на хемикалиите/отпадот и на димензиите на садовите и резервоарите во кои истите беа складирани.

Индикаторите се следни

Боци со хлор: Податок од Јавниот оглас: 48 парчиња. Податок од увид: 81 парче;

Хемиски супстанци: Податок од Јавниот оглас: 4 иницијатори, количина: 3,2 тона. Податок од увид: 5 иницијатори, количина: 4,6 тони

Mетил акрилат мономер: Податок од Јавниот оглас: 11 тони. Податок од увид: празен резервоар

Акрилонитрил Мономер: Податок од Јавниот оглас: 35 тони. Податок од увид: 11 тони

Метанол: Податок од Јавниот оглас: 50 тони. Податок од увид: 30 тони

Стари хемикалии со непознат состав: Податок од Јавниот Оглас: 18 – 20 тони. Податок од увид: 24 тони

„Екоцентар 97“ Контаминација мерки Охис Хемикалии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.