Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс градоначалникот Ратко Димитровски – јас сум заменски обвинет со измислена одговорност за замајување на јавноста

0
By Zoran Ivanov on December 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 4, 2025 13:21

Јас сум заменски обвинет во измислено и конструирано обвинение со измислена одговорност за замајување на јавноста и сум единствен во Македонија кој уште во 2012 година, кога се отворила кобната дискотека „Пулс“ сум реагирал и сум побарал да не се издава лиценца.

Ова сумирано во воведните зборови го кажа поранешниот градоначалник на Кочани и бизнисмен Ратко Димитровски во воведните зборови пред судот и побара обвинителството да го повлече обвинението против него за како што рече да не се прават „нови неправди“.

Во оваа ситуација во која ме посочуваат како обвинет јас не наоѓам маана во тој што не разбира ниту пак на тој што е во болка. Не му е работа да знае и да чита закони, наоѓам маана и вина кај тој што треба да го знае законот и да го спроведува, а не го прави тоа. Наоѓам маана во тој што треба да ги разбира основните цели на децентрализација и разликување на државни, централни од локални ингеренции. Во ситуација кога државата има ингеренции, неделегирајќи одговорност на локалните власт, во овој случај целокупната постапка требало да ја спроведат Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат за да испитаат дали се исполнети условите, рече Димитровски.

Тој всушност тврди дека локалните власти немаат никаква одговорност да проверуваат дали некој угостителски објект е безбеден бидејќи тие ингеренции се на државните органи односно тоа го проверуваат Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат врз основа на чии информации потоа Министерството за економија издава лиценца за некој локал.

Со ваквото постапувања на Јавното обвинителство испаѓа дека јас требало да постапувам надвор од закон, да ги преземам улогите на МВР, ДПИ, на Јавното обвинителство кои се единствените органи кои треба да знаат буквално се што се случува во државата за да се спречи било какво нарушување на безбедноста. Тоа всушност е нивна надлежност, рече Димитровски.

Тој прво го изрази своето сочувство кон блиските на загинатите за загубата на животите на негови соседи, роднини.

Изненаден сум и никогаш, ама баш никогаш не би можел да замислам дека ќе застанам на обвинителна клупа за такво нешто за кое ме обвинуваат сега, а единствено јас сум бил тој што бил против отворање на дискотеката пред 13 години. Свесен сум, знам дека иако сум стопанственик целиот мој живот луѓето ме препознаваат како политичка фигура бидејќи во кандидатурата бев поддржан од партија и бев пратеник од истата партија. Не очекував дел од моите сограѓани да се оградат од мене како политички лик, но никако не е во ред и е сосема е неправедно да ме гледаат со презир да ме гледаат како човек кој има и минимално учество било каков придонес во трагедијата од невидени размери. Оваа конструкција од обвинение секако е на моја штета, на штета на моето семејство, но најмногу на штета на оние кои засекогаш ќе тагуваат. Ова го велам затоа што и јас како и тие сакаме правда прво за нивните најмили, а потоа за цело Кочани, а каква права и сатисфакција може да се добие доколку се обвинуваат луѓе кои не се виновни и каква правда може да се добие ако се изостави само еден човек кој има вина, а не е обвинет. Едно треба да е јасно на сите нас овде. Не постојат заменски обвинети, не може некој невин да го замени местото на некој што треба да одговара и тоа сериозно да одговара пред Законот, порача поранешниот градоначалник.

Тој цитираше документ односно барање кое го испратил уште во 2012 година до Министерството за економија во кое бара да не биде издадена лиценца на сопственикот Дејан Јованов – Деко за дискотека или диско клуб откако тој му побарал дозвола за паркинг пред дискотеката, бидејќи според Деталниот урбанистички план на тоа место не била предвидена изградба на дискотека, туку објектот имал намена за лесна индустрија и јавниот паркинг кој е пред неа можел да се користи само за објект за лесна индустрија, а не за дискотека.

Според обвинението, тој се товари дека не постапувал според Законот за локална самоуправа, па иако бил должен за почитување на деталниот урбанистички план за Кочани и знаел дека кабарето е безбедносно опасно , не презел службени дејствија за утврдување на неправилности и затворање на објектот.

 

Идризово Кочани ратко димитров судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.