Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ексклузивни наоди од пред 2 илјади и петстотини години на археолошкиот локалитет Расница во Охридско-струшкиот регион

0
By Marija Todorovska on November 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 8, 2024 14:30

Осумдесеттина епохални наоди, исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта.

Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел од предметите пронајдени во ископувањата, што денеска беа презентирани пред јавноста.

На прес-конференција свикана по повод откритието беше истакнато дека се работи за две гробници од кои едната со димензии седум на четири метри, на пет метри длабочина, што според артефактите и додатоците пронајдени укажува дека припаѓала на член на елитно семејство што владеело со регионот во тоа време.

Она што е мошне важно, како што посочи археологот  Перо Арџанлиев, е што една од двете гробници е откриена во нечепната форма односно првпат отворена после период од над 2500 години. Дополнително е важно што истражувањата на локалитетот се спроведени од стручни лица, на најдобар можен начин согласно сите научни процедури.

– Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални…Открието е монументално, и по самата гробница што во многу нешта ја надмина и познатата Требенишка некропола, но и по карактерот на наодите…Гробната архитектура според димензиите е импозантна и ги надминува според големината досега сите откриени Архајски гробници на Балканот, рече меѓу другото Арџанлиев, археолог-кустос во Археолошкиот музеј во Скопје.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изрази задоволство што сите сме сведоци на голем научно-истражувачки успех, кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на Македонија туку претставува значаен придонес кон европското и светското археолошко наследство.

– Вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и натаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст, рече тој изразувајќи благодарност на Шефит Шемшедини, сопственикот на парцелата каде се наоѓа локалитетот.

Љутков истакна дека зачувувањето на културното наследство е обврска и одговорност кон идните генерации.

– Со овие откритија не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканскта и европската археолошка сцена, рече тој.

Локалитетот е откриен случајно во 2020 година, кога при земјоделски работи бил пронајден шлемот, што укажало на постоење на археолшки локалитет. Семејството Шемшедини минатата година дало согласност за вршење археолошки истражувања на нивниот имот.

Откриената гробница, заедно со останатите веќе утврдени локалитети од Архајскиот период меѓу кои Требенишката, Архонтико, Синдос, Горна Порта во Охрид, кај Делогожда и Радолишта укажуваат на активен живот на високо организирана социјална елита на Охридско-струшкиот регион во тоа време.

Сите откриени наоди на локалитетот после нивната конзервација и испитување ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј во Скопје. 

Археолошки музеј Љутков Наоди Охрид Расница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.