Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Eкспертите на УНЕСКО ги проверуваат градежните активности во Охрид

0
By Нова ТВ on April 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тричлена комисија на УНЕСКО престојува во работна посета на Македонија и на Охрид, со цел да направат увид во спроведените активности на терен и да дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

Експертите на УНЕСКО денеска имаа средба со раководството на НУ „Национален парк – Галичица“, каде се запознаа со развојните планови што ги предвидува Владата за изградба на поголемите инфраструктурни проекти, како магистралниот пат „А3“ Охрид – Свети Наум, ски-центарот на Галичица и туристичко-развојните зони „Љубаништа“, „Отешево“ и „Стење“.

Инспекторите на УНЕСКО не дадоа изјава по средбата, додека директорот на Националниот парк „Галичица“ Зоран Вељаноски појасни дека било дискутирано исклучиво за преземените активности за измена на Планот за управување со Националниот парк.

– Досега се реализирани 17 точки од Планот за управување, додека за останатите ќе се почека на извештајот од мисијата на УНЕСКО – рече тој.

Измените на Планот за управување со Националниот парк се одвиваат веќе четири години, на барање на Владата. Стратегиската оценка за влијанието на инфраструктурните проекти врз животната средина се изготвува во соработка со Европската банка за обнова и развој, како и реномираната англиска фирма „Цитрус“.

„Сите забелешки што ќе ни бидат доставени од страна на мониторинг-мисијата на УНЕСКО ќе бидат внесени во измените на Планот за управување со Националниот парк“,  рече Вељаноски.

Експертите на УНЕСКО во рамки на посетата на Охрид ќе имаат средби и со раководството на „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“, со посета на Античкиот театар, Плаошник, Света Богодорица Перивлепта, Галеријата на икони, Света Софија и објекти на кои се преземени конзерваторски активности. Според работната агенда, тие е предвидено да се сретнат и со градоначалникот на Охрид и со претставници на невладините организации чии активности се насочени кон заштита на природното богатство и културното наследство.

Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.