Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека против ковид-19. Ксевуди (Xevudy) и Кинерет (Kineret) се препорачуваат за употреба, соопшти ЕМА. Конечното одобрение од Комисијата на ЕУ допрва се очекува, но тоа се смета за формалност.
Ова ќе го зголеми одобрениот број на лекови против ковид-19 во ЕУ на пет.
Ксевуди од производителите Глаксо Смит Клајн (GlaxoSmithKline) и Вир Биотехнолоџи (Vir Biotechnology) може да спречи влошување на симптомите кај пациенти на возраст од 12 години и повозрасни. Лабораториските студии покажаа дека Ксевуди е ефикасен и против варијантата Омикрон. Експертите од ЕМА веќе дадоа позитивно мислење за лекот и тој е веќе пропишан за употреба во некои земји-членки на ЕУ.
Кинерет на шведскиот производител Орфан Биовитрум АБ (Orphan Biovitrum AB) е веќе одобрен во ЕУ како третман за други воспалителни состојби. Според ЕМА, лекот може да го намали воспалението и да спречи сериозно оштетување на дишните патишта кај пациенти со ковид-19.
Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес ги поздрави препораките на ЕМА.