Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емилија Стојменова Дух од Љубљана: Поканата за министерка ја добив поради мојата работа во дигиталните технологии

0
By Biljana on May 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2022 10:03

Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух е словенечка државјанка, но и Македонка од Виница која доби министерско место во новата влада на Словенија. Стојменова во меѓупериодот додека владата во Љубљана да почне официјално со работа, што се планира за почетокот на јуни, за НоваТВ ги изнесе своите први импресии од добивањето на поканата од новиот премиер Голоб да влезе во неговиот тим, но и за тоа дали е лесно да се биде жена во политиката, било каде, па и во Словенија.

Таа вели дека во ниту една земја не е лесно жена да се искачи толку високо во политиката.

„Со новата влада во Словенија добивме прва женска претседателка на парламентот. Воопшто жените имаме проблеми да се искачиме на високи позиции. На пример, јас сум прва жена вонредна професорка на катедрата во Љубљана. Заедно со уште три колешки, Марта Кос, Матеја Малнар Штембал и Наташа Пирц Мусар, со желба да го смениме тоа, минатата година го основавме здружението Ona Ve (Таа zнае), со цел да покажеме дека Словенија има многу успешни жени и дека заслужуваме свој простор на водечките позиции во општеството. Со оглед на составот на новиот парламент и владата, оценувам дека сме успешни“, вели Емилија Стојменува Дух, во разговор за нашиот портал.

Во идната влада, вели, ја поканил идниот словенечки премиер Роберт Голоб како експертка во полето на дигитални технологии. Нејзиното искуство и пред се визија за дигитална трансформација на државата го убедило дека токму таа е вистинската личност за таа позиција.

„Со оглед на тоа дека сме и двајцата вонредни професори на Факултетот за електротехника, мојата работа и проекти ги познаваше од порано. Поканата да станам  министерка во Владата на премиерот Голоб морам да признам дека ме изненади. Особено затоа што не сум член на неговата партија. Поканата беше добиена исклучиво врз основа на мојата мината работа. Покрај тоа, родена сум во друга држава. Во цела Европа сме само три такви министерки. Една во Шведска, една во Австрија и сега јас“, појаснува Стојменова Дух.

Нејзиното презиме Дух го добива по брачна линија од сопругот кој има мешано потекло од Словенија, Чешка и Германија. Како што дополнува Стојменова, тој е нејзината најголема поддршка бидејќи во неа верува и тогаш кога самата се сомнева. За Македонија има големо место во срцето, како и за фамилијата, роднините и пријателите.

„Последен пат бевме сите заедно со сопругот и синот во Македонија во декември 2019. Само што се вративме од едно далечно патување имав некое чувство дека мора, макар за викенд  да ги посетиме моите родители. Два месеца после тоа се случи пандемијата со ковид и од тогаш немаме дојдено. Најмногу ми недостасуваат родителите, роднините и пријателите. На моја голема среќа во Словенија живее и сестра ми и барем малку ми олеснува дека не сум сосема сама“, вели Стојменова Дух.

Според неа Словенија има огромна покриеност со интернет но недостасува регулатива за дигитализација.

„Словенија е добро покриена со интернет. Деловите кои не се, ќе бидат до крајот на 2025 година. Покрај тоа, голем дел од јавните сервиси се достапни онлајн. Еден од главните проблеми се дигитални знаења и компетенции. Околу 60 отсто Словенци имаат само основни знаења и компетенции и така не можат да ги искористат сите предности кои ги нуди дигиталната трансформација. Недостигаат правни основи за дигитализација. Тоа ќе биде еден од нашите главните приоритети“, појаснува професорката Емилија од Македонија која ќе биде министерка во новата влада на Словенија. (С.К.-М.Т.)

Емилија Стојменова Дух Македонија министерка за дигитализација Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.