Еден од најпознатите босански глумци Емир Хаџихафозбеговиќ  вечерва е во Скопје, во рамки на фестивалот на европскиот филм Синедејс. По поекцијата на филмот “Жаба” во кој тој ја игра главната улога, присутните ќе имаат можност за дружба со него.

Филмот во режија на Елмир Јукиќ е босанско- македонска- српско- хрватска копродукција е во 21.00 часот во Кино Фросина.

Емир Хаџихафизбеговиќ е познат по бројни улоги во серии и филмови. Има одиграно над 50 улоги, а меѓу кои и во филмовите “Татко на службен пат” , “Грбавица”, “Караула” како и во сетијата “Луд, збунет, нормален”.