Во чест на денешното започнување на Зимските Олимписки игри 2018 кои се одржуваат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат дел од илуминацијата на познатата њујоршка зграда Empire State Building.
Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денес во 23:22 часот по македонско време.
Зимските Олимписки игри ќе траат до 25.февруари.
Македонија на овие ЗОИ испрати тројца натпреварувачи: Антонио Ристевски во алпско скијање во дисциплините слалом и велеслалом, потоа Ставре Јада во крос-кантри во дисциплините спринт и 15 километри, како и Викторија Тодоровска во крос -кантри во дисциплината 10 километри.