НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП 2020: Македонските ракометари пред нови испити на зрелоста

0
By Нова ТВ on January 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со шеста увертира на Европските првенства. Ривал во премиерната партија на 14. издание на континенталните турнири е селекцијата на Украина. Мечот е од 20.30 часот (пренос на Телма ТВ) во „Винер Штадхале“ во Виена. Во групата Б се и Чешка (недела, 16 ч.) и Австрија (вторник, 18.15 ч.) која заедно со Шведска и Норвешка е кодомаќин на првото ЕП со 24 тима.

Формата за пресметките во групата Б се темпираше низ 10 меча во подготвителниот период. Седум победи, два пораза и реми е билансот од нив што навидум можеби делува импресивно, меѓутоа она што следува е во голема мера поинакво од она што мина. Во последните два и пол месеца беа совладани Турција (26:23), на двапати Грузија (25:21 и 29:28), Кувајт (27:24), Алжир (25:24), Романија (24:20) и Црна Гора (25:24), но дилема е колку тие се одраз на реалниот капацитет на националниот тим. Покрај нив, се загуби од Кувајт (22:23) и од Словенија (28:33) и се одигра нешерено со Италија (26:26).

Фото: macedoniahandball.com.mk

Сите тие беа филтер во кроењето на конечниот ростер за ЕП 2020. Селекторот Данило Брестовац на крајот „пресече“ за 18 ракометари и на пат кон Австрија ги поведе: Борко Ристовски (Бенфика), Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Дејан Манаскон (Веспрем), Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер), Филип Талески (Балинген), Филип Кузмановски (Магдебург), Горан Крстевски (Линц), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Кирил Лазаров (Нант), Мартин Серафимов (Металург), Марио Танкоски (Металург), Марко Мишевски (Гренобл), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Пролет 62), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Битенелд/Штутгарт) и Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер).

Фото: macedoniahandball.com.mk

Резерви од нив во првата фаза на турнирот ќе бидат голманот Томовски и десниот бек Серафимов.

Најдобар пласман на ЕП досега – петто место во 2012 година

Македонските ракометари по шести пат ќе учествуваат на Европските првенства. Дебито го имаа во 1998 година во Италија каде не успеаја да ја минат првата фаза и со реми (Русија – 26:26) и четири порази (Унгарија – 20:29, Хрватска – 21:28, Шпанија – 19:26 и Чешка 18:38) завршија на последното место во групата Б и воопшто на турнирот со вкупна гол разлика од -43 (104:147).

На последните три шампионати ја минуваа прелиминарната групна фаза и остануваа во втората натпреварувачка недела на турнирите при што во Данска во 2014 година го освоија десеттото место, а во Полска во 2016 година и во Хрватска во 2018 година беа 11-ти.

Фото: macedoniahandball.com.mk

На ЕП 2014 во Хернинг ја совладаа Австрија со 22:21, одиграа реми со Чешка – 24:24 и загубија од Данска со 21:29, од Унгарија со 25:31, од Исланд со 27:29 и од Шпанија со 22:33.

На ЕП 2016 одиграа шест меча, но настапите во Краков ги завршија без триумф. Ремизираа со Србија (27:27) и со Норвешка (31:31), а загубија од Франција – 23:30, од Полска – 23:24, од Хрватска – 24:34 и од Белорусија – 29:30.

Фото: macedoniahandball.com.mk

На ЕП 2018 имаа одличен вовед и со победите во Загреб против Словенија (25:24) и против Црна Гора (29:28) и ремито со Германија (25:25) се преселија во Вараждин како првопласирани од групата Ц. Меѓутоа, следуваа порази од Шпанија – 20:31, од Чешка – 24:25 и од Данска – 20:31 и пласман на 11-та позиција во севкупниот редослед.

Најдобриот пласман на македонските ракометари на ЕП засега е петтото место во Србија во 2012 година. На победата против Чешка со 27:21, ремито со Шведска – 26:26 и поразот од Германија – 23:24, надоврзаа уште два триумфа над Полска (27:25) и над Србија (22:19) и пораз од Данска (32:33), а во мечот со петтото место на првенството ја совладаа и Словенија со 28:27 и обезбедија место во квалификациите за Олимписките Игри во Лондон, мисија во која, сепак, не успеаја.

Фото: francehandball2017.com

ЕП 2020 – нова ера во европскиот ракомет

Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка е 14. по ред, но и прво што обединува 24 репрезентации. Одлуката за реформа на турнирот беше донесена на Конгресот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Даблин во септември во 2014 година.

Фото: eurohandball.com

Градови домаќини на ЕП 2020 се Виена и Грац (Австрија), Трондхајм (Норвешка) и Гетеборг, Малме и Стокхолм (Шведска) каде ќе се игра и финалето на 26 јануари.

Правила на ЕП 2020

Учесниците на ЕП 2020 се поделени во шест групи по четири тима. Најдобрите два од секоја конкуренција ќе продолжат во втората фаза. Доколку тимовите имаат идентичен број на бодови, прв фактор за позиционирање ќе биде меѓусебниот скор, потоа гол разликата меѓу нив, па бројот на постигнати голови и на крај, ако биде потребно, и вкупната гол разлика.

Фото: ehf-euro.com

Од најдобрите 12 селекции од прелиминарната рунда, ќе се формираат нови две нови групи по шест тима во т.н. „главна фаза“. Во едната ќе влезат селекциите во горниот дел на табелите во групите А, Б и Ц, а втората ќе биде составена од членови на групите Д, Е и Ф.

Преносот на бодовите ќе биде по стандардниот систем од претходните натпреварувања. Во полуфинале ќе се пласираат најдобрите две репрезентации од групите во главната фаза, а третопласираните ќе играат за петто место.

ЕП како квалификации за Светско првенство и за Олимписки игри

Местата на најголемите ракометни смотри се ограничени, па многу репрезентации од ЕП 2020 нема да можат до пласман на Олимписките игри во Токио ова лето и на Светското првенство во Египет догодина. Олимписка виза е резервирана само за новиот европски шампион, а носителите на сребро и бронза од овој шампионат, ќе осигураат директно учество на мундијалот.

Фото: crccasia.com

На ЕП, покрај ракометарите, и македонски судии

Македонскиот ракомет, покрај репрезентација, на ЕП 2020 ќе има и своја судиска двојка меѓу 23-те колку што се делегирани за 14. издание на турнирот. Листата со арбитри беше објавена кон крајот на август и во неа се најдоа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за кои ова е петти европски шампионат по ЕП 2012, ЕП 2014, ЕП 2016 и ЕП 2018.

Франција, Данска, Шпанија, Германија, Шведска и Хрватска како фаворити

Селекциите на Франција, на Шпанија, на Германија, на Шведска и Данска и на Хрватска секогаш се вбројуваат меѓу фаворитите кога станува збор за големите ракометни натпреварувања. „Коцкестите“ додуша од втор план ќе сакаат да го порават впечатокот од последниот шампионат на кој беа домаќини, но селекторот Лино Червар за оваа прилика овојпат не можеше да смета и на Иван Мартиновиќ, на Фран Милета, на Лука Шебетиќ и на Ловре Михиќ.

Фото: men2020.ehf-euro.com

ЕП 2020 – денеска играат

Група Б (Виена)

Чешка – Австрија (18.15 ч.)

Македонија – Украина (20.30 ч.)

Група Д (Трондхајм)

Франција – Португалија (18.15 ч.)

Норвешка – БиХ (20.30 ч.)

Група Ф (Гетеборг)

Словенија – Полска (18.15 ч.)

Шведска – Швајцарија (20.30 ч.)

Синоќа играа

Група А (Грац)

Хрватска – Црна Гора 27:21 (12:13)

Белорусија – Србија 35:30 (16:15)

Група Ц (Трондхајм)

Шпанија – Летонија 33:22 (14:11)

Германија – Холандија 34:23 (15:13)

ЕП 2020 Македонија Ракомет (м) репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.