На ракометното Европско првенство што се одржува во Хрватска, денеска на програмата се натпреварите од последниот круг во двете групи од втората фаза., кога Македонија се среќава со Данска.

Селекторот Раул Гонзалез за денешниот натпревар реши да го замени Кирил Лазаров, кој се повреди на дуелот со Шпанија. Негова замена ќе биде Гоце Ојлески, кој ќе дебитира на овогодишниот континентален собир.

Македонија по двата пораза ги загуби шансите за полуфинале, но се уште има теоретски шанси за третото место во Групата 2 и учество во натпреварот за петтото место кое обезбедува директно учество на следниот Мундијал.

За да се случи тоа, Македонија треба да ја победи Данска, Шпанија и Германија да не одиграат нерешено и Словенија да ја совлада Чешка.

Средбата Македонија – Данска почнува во 18:15 часот. Претходно од 16 часот играат Словенија – Чешка, а во вечерниот термин од 20:30 се среќаваат Германија – Шпанија.

Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3.