Шведска и Велика Британија се пласираа во четврт-финале на Европското првенство во кошарка за жени. Швеѓанките во осминафиналето ја поразија репрезентацијата на Летонија со 77:62 и во топ 8 фазата ќе играат со вториот кодомаќин на шампионот, Србија.
Британските кошаркарки, пак, беа доминантни над Црна Гора, победија со 92:71 и закажаа дуел со Унгарија во наредната фаза на ЕП 2019.
Шпанија во четврт-финалето ја очекува подобрата селекција меѓу Италија и Русија, а Франција ќе игра со победникот од средбата Белгија – Словенија.
ЕП 2019 во кошарка (ж)
Осминафинале
Шведска – Летонија 77:62
В. Британија – Црна Гора 92:71
Италија – Русија (вторник)
Белгија – Словенија (вторник)