Полска – Турција и Србија – Италија се полуфиналните двојки на Европското одбојкарско првенство во женска конкуренција.
Полските одбојкарки последни се пробија до завршниот викенд во Анкара по победата над Германија со 3:2 (по сетови: 22:25, 25:16, 25:19, 17:25, 15:11).
Сет помалку од нив одиграа италијанските одбојкарки во дуелот со Русија што го добија со 3:1 (по сетови: 25:27, 25:22, 27:25, 25:21).
Максимални победи забележаа Турција и Србија. Турскиот тим ја надигра Холандија со 3:0 (по сетови: 25:20, 25:22, 25:20), а српската селекција со идентичен резултат ја елиминира Бугарија (по сетови: 25:19, 25:18, 28:26).
ЕП во одбојка (ж), четврт-финале
Полска – Германија 3:2 (22:25, 25:16, 25:19, 17:25, 15:11)
Турција – Холандија 3:0 (25:20, 25:22, 25:20)
Италија – Русија 3:1 (25:27, 25:22, 27:25, 25:21)
Србија – Бугарија 3:0 (25:19, 25:18, 28:26)
Двојки за полуфинале
Србија – Италија
Турција – Полска