Женската одбојкарска репрезентација на Србија ја одбрани европската шампионска титула. Во финалето на 31. континентален турнир, избраничките на Зоран Терзиќ ја совладаа Турција со 3:2 (по сетови: 21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) во меч пред преполната арена во Анкара и по ЕП 2011 и по ЕП 2017 го додадоа третото злато во досието, овојпат без загубен сет.
Најефикасна во победничката селекција беше Тијана Бошковиќ со 23 поени, еден повеќе од Бранкица Михајловиќ.
Бронзениот медал го освои селекцијата на Италија која во натпревар за третото место ја порази Полска со 3:0 (по сетови: 25:23, 25:20, 26:24).