Репрезентациите на Исланд и Белорусија со победнички влез на 13. Европско првенство во ракомет во Хрватска. Исланѓаните, пред малку „Спаладиум арена“ во Сплит, ја добија скандинавската пресметка со Шведска со 26:24 додека Белорусите во Пореч ја поразија Австрија со 27:26.
Првиот натпреварувачки ден на завршниот турнир носи уште два меча. Од 20,30 часот во рамки на групата А ќе почне балканската класика меѓу Хрватска и Србија, а во исто време Франција и Норвешка ќе го комплетираат воведното коло во групата Б.
Македонија својот премиерен настап на ЕП 2018 ќе го има утре од 19,30 часот во „Загрепска арена“ против селекцијата на Словенија. Германија, претходно (17.15 ч.) во истата конкуренција, ќе игра против Црна Гора, а групата Д, во Вараждин, ги носи натпреварите меѓу Шпанија – Чешка (18,15 ч.) и Данска – Унгарија (20,30 ч.).