Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во ракомет У20 (Б дивизија): Шилегов спречи пораз на Македонија

0
By Нова ТВ on July 23, 2018 СПОРТ
Фото: m20championship2018.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со голот на Мице Шилегов во последната минута, Македонија се спаси од пораз во вториот настап во групата Б на Европското првенство (Б дивизија) за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје. По триумфот над Велика Британија со 32:15 во воведното коло, избраниците на Данило Брестовац вечерва одигра 27:27 против врсниците од Италија.

Македонските и италијанските ракометни надежи одиграа егал прво полувреме по кое „црвено-жолтите“ заминаа на одмор со гол предност (13:12). „Азурите“ беа подобри во поголем дел од продолжението на средбата, ги казнуваа сите грешки на избраниците на Данило Брестовац и во завршните 10 минути влегоа со предност од три гола (20:23).

Домашната селекција, сепак, успеа да се соземе и до крај на средбата да се избори за реми. Најефикасни во победничкиот тим беа Марио Јагуриноски со седум гола и Марио Танкоски и Мице Шилегов кои постигнаа по пет, по шест за Италијанците реализираа Стефано Арчиери и Федерико Маца.

Македонија е трета на табелата во својата група со три бода против утрешниот дуел со Швајцарија.

ЕП во ракомет У20 (Б дивизија)

Група А, 3 коло

Белорусија – Литванија 30:29

Грција – Естонија 27:28

Фарски Острови – Финска 24:29

Табела: Белорусија 6, Естонија 4, Литванија 3, Финска 3, Фарски Острови 2, Грција.

Група Б

Италија – Македонија 27:27

Украина – В. Британија 20:16

Слободна беше селекцијата на Швајцарија.

Табела: Швајцарија 4 (2 меча), Украина 4 (3), Македонија 3 (2), Италија 1 (2), Велика Британија 0 (3).

ЕП Италија Македонија Мице Шилегов Ракомет У20
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.