Турција организира референдум за уставните измени, усвоени во Парлементот, со кои се зголемува моќта на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Тој денес го повика сите негови поддржувачи работат “ден и ноќ” за да биде успешно народното изјаснување.
Рефередумот е планиран за напролет.
Уставните измени се содржани во 18 члена чија цел е воспоставување на претседателски систем кој ќе му дозволи на Ердоган да именува и отпушта министри, да усвојува декрети и да прогласува вонредна состојба. Со овие измени се укинува функцијата премиер а се воведуваат функции на заменици претседатели.
Ердоган смета дека овие измени се неопходни за да се гарантира стабилност на врвот на државата која е соочена со голем број терористички напади но и со економски тешкотии.
Опозицијата и граѓанските организации во Турција им се противат на овие измени и тврдат дека шефот на државата станува се поавторитарен, особено по неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година.
Ердоган во свој стил изјави:
“Народот треба да ја даде финалната одлука. Убеден сум дека ќе работуте ноќе и дење во кампањата за референдумот и да се оди напред”, рече тој.
Според мнозинството во турскиот парламент, со новиот претседателски систем ќе се избегнат владини коалиции и работата на владата ќе стане поефикасна.
По уставните измени парламентарните и претседателските избори ќе се одржуваат истовремено а претседателот ќе биде биран за два мандати од по пет години. Следните избори се одржуваат во ноември 2019 година.
Ердоган беше избран за претседател во 2014 година откако во текот на 12 години беше премиер. Со овие измени Ердоган може да остане на власт во 2019 година.
Според Хјуман Рајтс Воч, оваа реформа ја концентрира сета моќ во рацете на претседателот.
По јулскиот неуспешен пуч власта затвори многу независни и опозициски медиуми со што е практично невозможна ефикасна јавна дебата за промената на Уставот.