Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на Турција веќе не е потребно членството во Европска Унија, но дека Анкара не сака еднострано да ги напушти пристапните преговори.
„Не сакаме да бидеме страната која се откажува. Вистина е дека членството во ЕУ веќе не ни треба“ изјави Ердоган во парламентот.
Турскиот министер за европски прашања, Омер Челик, пред две недели изјави дека Турција чувствува оти лидерите на ЕУ ја предале, нагласувајќи дека пристапните преговори би требало да бидат прекинати, но истакна дека Турција и натаму се надева дека ќе се придружи на тој блок.
Откако Ердоган започна со бројни апења, по неуспешниот воен удар во 2016 година, вклучувајќи и новинари и академици, ЕУ е се покритички настроена кон членството на Турција, за кое се преговара со децении.