Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган попушти, светските лидери ја поздравуваат одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

0
By Ана Василевска on July 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Нато Самит, Столтенберг-Ердоган
Нато Самит, Столтенберг-Ердоган
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 11, 2023 08:41

Светските лидери ја поздравија одлуката на Турција повеќе да не го попречува приемот на Шведска во НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Вилнус на самитот на НАТО, ја поздрави согласноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за членство на Шведска во Алијансата.

„Подготвен сум да работам со претседателот Ердоган и со Турција за зајакнување на одбраната и одвраќање во евроатлантската зона“, рече Бајден во изјавата, истакнувајќи дека „едвај чека“ Шведска да стане 32-та членка на НАТО.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја поздрави одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го одобри приемот на Шведска во НАТО.

Во порака на Твитер, Бербок одлуката на Ердоган ја нарече „добри вести кои доаѓаат од Вилнус“.

„Конечно е отворен патот за турска ратификација на членството на Шведска во НАТО“, подвлече таа.

– Денеска во Вилнус беше направен историски чекор. На Шведска и е отворен патот кон НАТО! Ова е добра вест за шведскиот народ и за нашата заедничка безбедносна и одбранбена политика. Колку НАТО е посилен, толку е побезбедна Европа, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона исто на Твитер ја поздрави најавата на Турција дека има намера да го ратификува протоколот за прием на Шведска во НАТО и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро.

-„Шведска ќе го зајакне нашиот сојуз“, нагласи таа.

Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, се огласи на Твитер, велејќи дека „ова е историски момент за НАТО што не прави сите побезбедни“.

„Шведска, со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во Алијансата“, напиша Сунак

НАТО самит Реџеп Тајип Ердоган Шведска во НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.