Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕРТ: Атина изненадена од македонскиот предлог

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна средбата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас , на кои се очекува да се разгледаат позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името. По средбата и пленарни разговори меѓу македонската и грчката делегација Димитров и Коѕијас ќе одржат заедничка прес-конференција.

 

Коѕијас ќе има разговори и со премиерот Заев, претседателот на собранието, Џафери, лидерот на ДУИ, Ахмети и претседателот на ВМРО, Мицковски.

Грчките новинари кои ја следат посетата  на  Коѕијас на Македонија, објавија дека Грција била изненадена од македонската нацрт спогодба која беше испратена до Атина, два дена пред слетувањето на Коѕијас во Скопје.

„Климата во пресрет на разговорите би рекол дека е чудна. Постапката на скопската страна оддеднаш  да прати текст со забелешки, на два дена пред средбата, предизвика загриженост во Атина, затоа што тоа не беше предвидено во процесот за кој се договорија двајцата премиери во Давос, јавуваат грчките новинари кои ја следат посетата на шефот на грчката дипломатија Коѕијас во Македонија, пренесе МИА.

Според новинарот на ЕРТ, македонската нацрт верзија имала радикални позиции. „Овој текст како да беше напишан од самиот Груевски, затоа што ги содржеше сите радикални позиции на скопската страна“, објави новинарот на грчката државна телевизија ЕРТ во директното вклучување од Скопје.

Грчките новинари коментираат дека денешниот ден е особено важен, бидејќи по маратонските средби во Скопје ќе се разјасни дали има поклопување на позициите на двете земји во пресрет на состанокот со медијаторот Нимиц во Виена, следниот петок.

 

 

Димитров Коѕијас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.