Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСЕ: Вината за смртноста на доенчињата е во здравството, не во жените

0
By Нова ТВ on February 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 5, 2018 15:03

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) реагира на вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата каде тој како клучен проблем за високата стапка на смртноста на новороденчињата и на родилките ја посочи неоодветната грижа на жените за своето и за здравјето на своите деца.

-Во излагањето на Министерот Филипче потенцираната несоодветната грижа на жените за своето здравје и здравјето на своите деца не може да се земе како клучен проблем по однос на ова прашање, особено земајќи ја во предвид состојбата со недоволен број на здравствен кадар и нееднаква територијална дистрибуција (особено по однос на специјалистите по гинекологија и педијатрија во примарната здравствена заштита), како и останатите недостатоци во обезбедувањето на здравствената заштита на мајките и децата во Македонија, велат од ЕСЕ.

Од Здружението исто така посочуваат дека во изјавата на министерот недостасува образложение за досега утврдените причини за високата стапка на смртност на овие ранливи групи, врз кои се темелат предлог мерките.

-Со цел сите заинтересирани страни да дадат придонес во овој процес сакаме да потенцираме дека од страна на Министерството потребно е да биде дадено образложение за идентификуваните причини, меѓутоа и подетално образложение на сите предлог мерките, особено вклучувајќи ги следните:

– Појаснување за методологијата за детектирање на вистинските причини за смртност.

– Објаснување за тоа која опрема недостасува во родилиштата на секундарно ниво.

– Кои лекови досега не се регистрирани во Македонија, а се животно-спасувачки за мајките и новороденчињата.

– Каков вид на податоци е планирано да се прибираат преку интегрираниот информативен систем.

– Преку кои релевантни институции ќе се спроведува едукацијата и информацијата на жените и дали е потребно дополнително зајакнување на овие институции.

Од ЕСЕ потенцираат дека на полето на унапредување на здравјето на мајките и децата и намалување на стапката на смртност на новороденчињата и доенчињата работат поголем број на организации и институции, кои можат да дадат свој придонес во заложбите на Министерството на ова поле,а меѓу нив и ЕСЕ.

Од ЕСЕ укажуваат дека во обраќањето на министерот забележале одредени недостатоци, меѓу другото и адресирање на проблемот во однос на високата стапка на доенечка смртност, која како што посочуваат од ЕСЕ е двојно поголема од европскиот просек.

– Оваа стапка на доенечка смртност претставува значаен показател за здравјето на популацијата, бидејќи се води од претпоставката дека факторите кои влијаат врз здравјето на целата популација имаат влијание врз стапката на смртност кај доенчињата, велат од ЕСЕ.

Оттаму појаснуваат дека индикаторите за стапките на перинатална, новороденечка и доенечка смртност претставуваат комплексни индикатори кои се поврзуваат со квалитетот на антенаталната грижа, перинаталната и постнаталната грижа, кои се дел од трите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Одредени општествени фактори како и тековните реформи во здравствениот сектор дополнително влијаат врз квалитетот на перинаталната грижа. Стапката на доенечка смртност претставува мошне сензитивен прокси индикатор за состојбата со здравјето на целото население, преку кој може да се евалуира и да се споредува квалитетот на здравствените системи помеѓу различните држави, а исто така овозможува и брза проценка за квалитетот на храната и водата, домувањето и обезбеденоста со облека, како и достапноста на здравствената заштита и образованието на популацијата.

Здружение ЕСЕ работи на полето на унапредување на здравјето на жените од 1995 година, а конкретно со работата на полето на намалување на смртноста на родилките, новороденчињата и доенчињата започна со работа во 2016 година. Повеќе за ова, во публикацијата на следниот линк.

бебиња ЕСЕ смртносрт Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.