Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата во Турција му врачи егзекватура на Есер Џеваир, новоименуван почесен конзул на Северна Македонија во Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.

Честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џеваир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.

– Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Северна Македонија во сите сфери од заеднички интерес во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односиистакна Османи стои во соопштението.