Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар предупредува на последици доколку Црна Гора не ја реши длабоката политичка криза

0
By Marta Pesevska on January 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, предупреди на „многу можни последици“ доколку Црна Гора не ја реши повеќемесечната длабока политичка и институционална криза.

„Црна Гора е во многу длабока криза. Блиску е до институционален колапс каков што речиси никогаш не сум видел во ниту една земја. Влада нема. Две влади паднаа и немаше напредок во формирањето на уште една. Тие немаат кворум во Уставниот суд што би можел да потврди нови избори“, изјави Ескобар во интервју за Гласот на Америка.

Заменик-помошникот државен секретар на САД потсети дека мандатот на претседателот Мило Ѓукановиќ истекува напролет. Претседателката на Парламентот на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ, неодамна распиша претседателски избори за 19 март.

„Може да се случи да немаат претседател да им го довери мандатот, да немаат влада која ќе оди напред и Уставниот суд да ги одобри сите одлуки и да ги потврди изборните резултати“, нагласи Ескобар.

Американскиот функционер повтори дека главна задача е веднаш да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд, „па потоа да се оди на избори“.

„Треба да почнат од Уставниот суд. А освен тоа, веруваме, а и анкетите покажуваат дека огромно мнозинство граѓани сакаат нови избори. И оттука треба да почнат“, смета Ескобар.

Ескобар, повикувајќи се на мислењето на Венецијанската комисија, рече дека секоја идеја дека „Уставот се менува со просто мнозинство“ е многу опасна.

„Веќе кажавме дека не сме сигурни дека тоа би била уставно валидна влада. Не сме сигурни дека би можеле да се потпреме на одлуките на таква влада. Ги охрабривме да не го прават тоа“, заклучи тој.

На крајот на декември парламентарното мнозинство го прогласи лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ за мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора, врз основа на контроверзните измени на Законот за претседател што претходно ги усвои Собранието, и покрај негативното мислење на Венецијанската комисија.

Претставниците на САД и Европската унија предупредија дека не треба да се избира влада врз основа на тие промени. Преговорите за формирање влада во меѓувреме пропаднаа.

Извор: МИА

Ескобар политичка криза Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.