Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ: Договорите за парно греење, може да се потпишат на три пункта во Скопје, испораката на топлина нема да биде прекината

0
By Соња Крамарска on October 17, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 17, 2022 11:07

Заради регулирање на потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите
утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се
склучи договор за снабдување со топлинска енергија, соопштија од ЕСМ.
За таа цел, како што се наведува во денешното соопштение, потребно е потрошувачите на чии име се води парното греење во домот или објектот,
да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ
Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис договор со новиот
снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата.
Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за
енергетика.
За склучување на договорот потребно е да се понесе документ за лична
идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот
снабдувач.
Во Скопје постојат три пункта, со работно време од понеделник до петок од 08 до
18 часот и сабота од 09 до 13:30 часот, на следните локации:
Пункт Центар на Ул.Кочо Рацин бр.33 – Олимписки базен,
Пункт Исток на Ул. Јане Сандански бр.49-н.Аеродром и
Пункт Запад на Ул. Лондонска бр.8-н.Тафталиџе.
Корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на
договорите. Од ЕСМ велат дека ќе им овозможат на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската и дека доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент нема да биде загрозено.
Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат
контактирани од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел
да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со
оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период,
или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на
пунктовите, велат од компанијата.
ЕСМ Снабдување ќе воспостави директни контакти, додека за корисниците кои не
можат да ги напуштат своите домови ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи
договорот да го склучат во нивниот дом.
Поради повеќе прашања пристигнати до Службата за грижа на корисници, ги
информираме корисниците дека не е правно возможно преземање на постоечките
договори со претходниот снабдувач, односно е единствено можно да се склучат
нови договори, се вели во соопштението.

ЕСМ нови договори парно греење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.