Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои ривали се премиерот Јури Ратас и неговата Партија на центарот и опозициската Реформска партија.
Изборите се одржуваат во време кога националистичката Естонска конзервативна народна партија бележи постојан напредок по изборите во 2015 година.
Речиси еден милион граѓани со право на глас треба да изберат 101 пратеник за следните четири години.
Малата балтичка држава со 1,3 милиони жители е членка на НАТО и на Европска Унија