Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ и САД: Референдумот – избор меѓу иднина и изолација

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пропуштање на единствената шанса за напредок, изолација, стагнација и национализам или перспектива и евроинтеграциска иднина со конкретни бенефити како владеење на правото, атрактивност за странските инвеститори, повеќе и подобри работни места. Ова се двата концепта меѓу кои, според високите претставници на ЕУ и САД, ќе треба да изберат македонските граѓани на претстојниот референдум закажан за 30 септември.

САД дава недвосмислена поддршка и очекува успешност на референдумот. На иста линија е и Европската унија.

– Референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата, беше заклучокот од вчерашниот телефонски разговор меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев.

Пораката, пак, на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е македонските граѓани да го искористат правото на глас за да ја обликуваат сопствената иднина и иднината на државата.

– Изборот е меѓу држење до стари националистички концепти и прифаќање на иднината на земјата со реформи и интеграција во ЕУ и НАТО. На граѓаните е да одлучат дали оваа перспектива со сите нејзини конкретни бенефити ќе се материјализира или не, рече Хан во изјава за МИА.

Според него, правото на глас е важен демократски напредок кој треба да биде поддржан преку активно учество, а за навистина да се искористи тоа право, граѓаните треба внимателно да ги анализираат мотивите позади кампањите и последиците од гласот „за“ или гласот „против“.

– Одржувањето референдум значи дека им се дава моќ на граѓаните да донесат одлука за Договорот со далекусежни последици за нивната земја и за сопствената иднина, истакна еврокомесарот, изразувајќи жалење што во мигови кога е потребно национално единство за да се прифати напредокот, се уште има актери кои повеќе сакаат опструкција, отколку конструктивна работа во интерес на иднината на земјата.

Европратеникот Рајнхард Бутикофер на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев изрази надеж дека народот на Македонија ќе ја искористи можноста на референдумот да гласа за иднината на земјата. Воедно порача дека референдумот е од клучна важност не само за иднината на Македонија, туку и за иднината на регионот и на ЕУ.

– За едно толку важно прашање должност на секој граѓанин е да гласа. Тоа е многу важно и тоа е суштината на демократијата. Можете да не се согласувате по многу прашања, но не смеете да имате несогласувања по однос на поддршка на одлуката за иднината на земјата, потенцира Бутикофер.

 

Нарекувајќи го историски Договорот што го постигнаа Македонија и Грција, државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел на вчерашната средба со шефот на македонската дипломатија во Вашингтон посака и рече дека очекува успешен референдум.

– Сакам да му честитам на министерот Димитров за историскиот договор што Македонија и Грција го постигнаа во Преспа и знам дека министерот Димитров одигра лична улога во тоа како архитект на овој Договор. САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа. Ја цениме улогата која министерот Димитров ја има и очекуваме успешен референдум на 30 септември. Секретарот Помпео денес многу силно го поддржа овој напор и јасно му кажа на министерот Димитров дека САД очекуваат Македонија да стане 30-та членка на НАТО, рече Мичел.

Став околу претстојниот референдум изнесе и Душан Јањиќ, еден од најпознатите српски аналитичари, оснoвач и претседател на Форумот за етнички односи во Белград, во интервју за МИА. Вели дека самиот факт што се оди на референдум со кој ќе се донесат низа одлуки со кои ќе се потврди или отфрли клучното решение околу името, зборува дека Македонија е на патот на стабилизација.

– Сите оние очекувања, реалните закани дека Македонија ќе се заглави во некои 10 до 15 години на политички и социјални судири, не се остварија. И тоа е многу важно, нагласува Јањиќ.

За него, излезеноста на референдумот е работа на мотивација на партиите и на граѓаните.

– Граѓаните без сомнение сакаат мир, стабилност,  сакаат да живеат подобро. Кога Македонија ќе влезе во клубот на ЕУ и на НАТО, тоа ќе значи и дека граѓаните помалку ќе бегаат од себе-кон себе. Едно е кога патувате како рамноправен член на држава што е во ЕУ и статусно и според платите. Тоа е прво, а второ е НАТО. Македонија веќе ја доби поканата за НАТО и затоа е важен резултатот од референдумот, за целата процедура да се приведе до крај. Влезот во НАТО значи влез во еден поширок систем на стабилност, подвлекува српскиот аналитичар.

Референдумот е закажан за 30 септември годинава и на него граѓаните треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција. 

ЕУ референдум САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.