Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ја поедноставува процедурата за депортација на илегалните мигранти

0
By Marija Todorovska on March 12, 2025 ВЕСТИ
Фото: AI generated
Фото: AI generated
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 12, 2025 11:36

Европската комисија предложи регулатива за воспоставување на заеднички европски систем за враќање, кој ќе овозможи побрзи, поедноставни и поефикасни процедури за депортација од ЕУ на илегалните мигранти и лицата чии барања за азил се одбиени, вклучително и отворање на „Центри за враќање“ во трети земји.

Според еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, станува збор за збир на ефикасни и модерни процедури за враќање на илегалните мигранти.

– Овие правила се фундаментални за заштита на просторот за слободно движење на ЕУ без внатрешни граници. Со новиот европски систем за враќање, ќе се погрижиме оние кои немаат право да останат во ЕУ да бидат вратени назад, истакна Брунер.

Според него, овој Заедничкиот европски систем значително воедно ќе ја зајакне довербата во политиките за азил и миграција на ЕУ.

Новата правна рамка за враќање претставува дополнување на Пактот за миграција и азил, што беше усвоен минатата година, со кој ЕУ постави сеопфатен пристап кон справување со предизвиците поврзани за миграцијата.

Според статистичките податоци, во моментов од ЕУ се депортираат само околу 20 проценти од лицата кои немаат право на легален престој во земјите членки на Унијата.

Целта на новите правила е да се воспостави модерна и поедноставна правна рамка, со што на земјите членки на ЕУ ќе им се овозможат потребните механизми за поефикасно враќање на илегалните мигранти со целосно почитување на основните човекови права.

Со предлогот, меѓу другото, се предвидува воведување на заеднички процедури за издавање решенија за враќање и на Европски налог за враќање, меѓусебно признавање на одлуките за враќање издадени од земјите членки и воспоставување јасни правила за присилно враќање и за поттикнување на доброволното враќање.

Мерките предвидуваат и специфични правила за лица кои претставуваат безбедносен ризик, реадмисија како дел од процесот на враќање, како и отворање на „Центри за враќање“, кои врз основа на билатерален или договор на ниво на ЕУ можат да се воспостават и во земји што не се членки на Унијата, доколку тие ги почитуваат меѓународните стандарди и принципи за човекови права согласно меѓународното право.

Со одредбите на Пактот за миграција и азил, чија примена треба да започне од средината на 2026 година, се предвидува побрза и поефикасна обработка на барањата за азил, а со новопредложениот систем ќе се овозможи одбиените баратели на азил веднаш да бидат депортирани од ЕУ. Новата Предлог-регулатива треба да ја замени постоечката Директива за враќање од 2008 година, која беше ажурирана десет години подоцна.

ЕУ илегална миграција Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.