НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Корупцискиот скандал открива дупки во правилата за лобирање

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
Ева Каили и катарскиот министер за труд, во октомври 2022
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што го предизвика корупцискиот скандал што го тресе Брисел? Како тоа на членовите на Европската комисија им е дозволено да се среќаваат само со „регистрирани лобисти“, а пратениците во Европскиот парламент не мора да го почитуваат ова?

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили е една од четирите лица во притвор, обвинети од белгиското обвинителство за „учество во криминална организација, перење пари и корупција“. Таа беше исфрлена од партијата ПАСОК и и е одземена потпретседателската функција откако беше обвинета за примање мито од Катар.

Огнените говори за заливската земја што таа ги одржа во Европскиот парламент, гласањето во корист на досиејата поврзани со Катар во комисии во кои таа не седеше и присуството на бројни настани во Катар се наводни врски меѓу Ева Кајли и Доха.

Во соопштението објавено на интернет, мисијата на Катар во ЕУ ги нарече обвинувањата „неосновани“, велејќи дека тие се „сериозна дезинформација“.

И додека официјалните детали за обемот и длабочината на полициската истрага во Белгија се прилично оскудни, активностите на членовите на Европскиот парламент и другите тела на ЕУ сега ќе бидат под зголемена контрола. Во исто време, експертите на ЕУ се прашуваат дали постоечките антикорупциски мерки се доволни.

„Кога станува збор за толку сложено креирање политики како што е случајот во ЕУ, тоа во еден момент станува матно и ја олеснува можноста за купување влијание“, изјави за Дојче Веле Јакоб Киркегард од германскиот Маршалов фонд. „Можете да го купите потпретседателот на Европскиот парламент за 600.000 евра! Дали таквите политичари навистина се толку евтини“, се запраша Киркегард. „Ова е очигледно жена која не се плашеше да не биде фатена. Тоа укажува дека сите процеси и мерки со кои располага Европскиот парламент немаат застрашувачки ефект“, рече тој. Дури и глупавите луѓе не би го направиле тоа, затоа што се плашат“.

Па кои се мерките кои се во сила во ЕУ? Постои база на податоци каде што мора да се регистрираат невладини организации (НВО), лоби групи, консултанти, добротворни и други организации кои сакаат да влијаат врз донесувањето одлуки и законодавството. Сите наведени во „Регистарот за транспарентност“ мора да ги пријават своите буџети и сите донации над 10.000 евра кога станува збор за невладиниот сектор.

Интересно е што во тој регистар ја нема невладината „Борба против неказнивоста“, која е во центарот на актуелниот корупциски скандал. Нејзиниот претседател, поранешниот италијански пратеник во Европскиот парламент, Пјер Антонио Панчери, е во притвор. Таму работи и партнерот на Ева Каили, Франческо Џорџи. Организацијата дели канцеларија и со италијанската непрофитна организација Нема мир без правда, чиј директор исто така беше уапсен во врска со случајот.

„Со такви дупки во системот, ова мораше да се случи“, изјави за ДВ Пол Варакас, претседател на Здружението на професионалци за европски прашања (SEAP), кое им помага на лобистите да се пријават во Регистарот за транспарентност.

Во 2021 година, Европскиот парламент одби да го примени принципот на „строга условеност“ прикачен на „Регистарот за транспарентност“, кој би ги принудил членовите на парламентот да се среќаваат само со регистрирани лобисти. Високите функционери во Европската комисија, извршното тело на ЕУ, веќе работат според овој принцип и им е дозволено да се состануваат само со лобисти наведени во регистарот. Сепак, европратениците тврдеа дека тоа „ќе ја наруши нивната слобода на дејствување во рамките на мандатот“ и го отфрлија правилото, кое би ги принудило да ги објават сите состаноци и да ги наведат имињата на сите оние групи и организации со кои се сретнале.

„Така го направија тоа во организацијата „Борба против неказнивоста“, вели Варакас. „Значи имавте невладина организација која влијаеше на одлучувањето, но не беше должна да ги открива и покажува своите активности. Би биле повикани на разговор од пратеник во Европскиот парламент, кој не морал да се изјасни за тоа. Лесно им беше да дејствуваат“.

SEAP и другите организации сега посочуваат дека задолжителната регистрација (и обврската за објавување на сите состаноци) може да биде товар за помалите актери, како што се невладините организации, а во исто време да вршат притисок врз Европскиот парламент да се придржува до „принцип на условеност“.

По скандалот, претседателот на Европската комисија го повтори повикот да се формира тело за етички прашања, кое ќе ги надгледува сите институции на ЕУ. „Имаме такво внатрешно тело со јасни правила во Европската комисија и мислам дека е време да започнеме разговор за да воспоставиме такво нешто во сите институции на ЕУ“, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата во Брисел во понеделникот.

Пратениците во Европскиот парламент уживаат и дипломатски имунитет, за да можат да ја извршуваат својата политичка работа без страв од кривично гонење. Според Протоколот на ЕУ за привилегии и имунитети, тие не можат да бидат „подложени на каква било форма на истрага, притвор или правен процес во однос на изразување мислење или гласање во текот на нивните должности“.

Имунитетот, сепак, не важи „кога политичар е фатен на дело како сторил прекршок“ и тоа „не го спречува Европскиот парламент да го искористи своето право да го одземе имунитетот на еден од неговите членови“.

Доколку е потребно, пратениците во Европскиот парламент имаат право да побараат да им се потврди имунитетот, но прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека Ева Каили не поднела такво барање. Обвинителите во Белгија, затоа, не побараа одземање на имунитетот.

„Ако нема барање за одземање на имунитетот, тоа сугерира дека судијата заклучил дека се исполнети критериумите дека имунитетот повеќе да не важи“, изјави во Стразбур портпаролот на Европскиот парламент Жауме Дух. Во минатото, барањата за имунитет беа поднесени во врска со барањата за екстрадиција, но бидејќи овие кривични дела се извршени во Белгија, екстрадицијата нема да се применува во тој случај.

Извор: Дојче Веле

апсење Ева Каили Европски парламент корупциски скандал Лобирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.