Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, а тоа јасно ги вклучува и очекувањата од претстојните локални избори, односно нивното фер и ефикасно спроведување, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
За обвинувањата на македонската опозиција упатени деновиве кон власта дека подготвува изборна измама преку злоупотреба на државните овластувања и капацитети, Коцијанчич рече дека јасно ставивле до знаење дека новата Влада, заедно со опозицијата, треба да ги остават поделбите на страна и да работат заедно на имплементацијата на итните реформски приоритети и на договорот од Пржино, а со цел да се врати земјата на евро-атлантскиот интеграциски пат.
-Ние ги поддржуваме реформските напори и тоа јасно ги вклучува и очекувањата кога станува збор за претстојните избори и воопшто начинот како да се напредува кога станува збор за реформите што се многу јасно одбележани, изјави Коцијанчич.