Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ останува високо на политичката агенда – денес нови пораки од Васало и Маричиќ дека членството е достижно во 2030 година

0
By Соња Крамарска on October 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај енергетската криза ЕУ и натаму се наоѓа високо на политичката агенда на Северна Македонија. Денес во одвоени настапи на заменикот амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало со новинарите, и вицепремиерот Бојан Маричиќ со ЕУ амбасадорите, заедно со шефот на ЕУ канцеларијата Дејвид Гир, уште еднаш е потврдена посветеноста на нашата земја за успешен старт на преговорите за членство во ЕУ и извршување на преземената обврска за внесување на бугарското малцинство во Уставот.

Одлуката за промена на Уставот е суверена одлука на секоја држава, а Северна Македонија веќе се обврза пред Бугарија дека ќе ги вклучи Бугарите и други заедници во Уставот, рече заменикот шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Џулијан Васало.

Васало оцени дека Македонија веќе има добро досие за преземање грижа за останатите заедници. За сигналите, пак, што ги праќа опозицијата дека нема да гласа за уставните промени, тој рече дека ЕУ е во постојан контакт со опозицијата и дека е сега моментот да докажат дека се за евроинтеграција.

За самиот преговарачки процес, Васало рече дека Македонија веќе има прогрес во одредени области и дека 27 отсто од нашето законодавство е хармонизирано со тоа на Европската унија, при што најмногу прогрес има во делот на фундаменталните права  – 34 отсто, а најмалку во надворешната политика -5,6 отсто. Според него, сепак како дел од скрининг процесот Македонија ќе биде прашана не само дали ја усогласила и колку регулативата, туку и колку истата се применува.

„Владата ја зацрта 2030 година како датум кога ќе сака да биде подготвена за прием во Унијата“, рече Васало додавајќи дека цел треба да ни биде да ги стигнеме Србија и Црна Гора, кои одамна преговараат за членство, нешто што според него со политичка волја низ сегашниот спектар на партии  е реалистичен изглед.

Тој навести дека идните недели е можно да се потпише договорот за ФРОНТЕКС кој  чека кај нас, илустрирајќи го на тој начин решеното прашање за македонскиот јазик.

На состанокот, пак, на вицепремиерот Маричиќ со шефовите на делегациите на земјите членки на ЕУ во земјава, прв откако Северна Македонија ги отвори преговорите со Европската Унија, исто така беше посочено дека Северна Македонија има капацитет да биде успешна европска приказна.

„Поставивме амбициозна цел да бидеме подготвени за влез во Унијата до 2030 година и ве уверувам дека оваа Влада е целосно посветена на тоа. Знаеме дека нема секогаш да биде лесно, но верувам дека ако сите вложиме соодветни напори, тоа е изводливо, истакна на состанокот главниот преговарач со Унијата“, Маричиќ.

Шефовите на делегациите на ЕУ во земјава го поздравија почетокот на првата фаза од преговорите, скрининг процесот, и потврдија дека Северна Македонија е на добар пат да обезбеди успешен тек на преговорите.

Маричиќ посочи дека одлуката на Советот на Европската Унија за усвојување на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, како и организацијата на првата Меѓувладина конференција, во јули годинава, не само што е уште една клучна пресвртница во нашите односи, туку и потврда на ЕУ перспективата на нашата земја.

„Оваа одлука, исто така, треба да се сфати и пренесе како позитивен сигнал за целиот регион дека процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан останува приоритет за ЕУ, без оглед на тековните глобални предизвици како што е војната во Украина, енергетската и економската криза“, рече Маричиќ.

Маричиќ ја искористи приликата и на состанокот со евроамбасадорот Гир и шефовите на делегациите на ЕУ во Северна Македонија потенцираше дека во следниот период ќе се интензивира партнерската соработка, со Комисијата и со земјите-членки на Европската унија, во текот на скрининг процесот, но и при презентирањето на нашата јавност практичните предности и придобивки од процесот на пристапување.

Вицепремиерот посочи дека Северна Македонија останува посветена на продлабочување на регионалната соработка и ја поздрави иницијативата за интензивирање на активностите во рамки на Берлинскиот процес, како платформа за поблиска регионална интеграција и подготовка за внатрешниот пазар на Европската унија.

Како следни планови Маричиќ ја најави ревизијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, која ќе биде направена во согласност со наодите од претстојниот Извештај на Европската комисија за земјата и препораките од мисии за рецензија. (С.К.)

Бојан Маричиќ членство во ЕУ Џулијано Васало
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.