Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

0
By Zoran Ivanov on October 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 13, 2025 20:05

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за развој на вештачка интелигенција) на Западен Балкан – една во Србија, а друга во Северна Македонија, во рамки на пошироката иницијатива за вклучување на регионот во технолошкиот развој на Европа, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Рече дека дека Западен Балкан има потенцијал да стане центар за стратешки индустрии и иновации и најави дека мрежата на „ВИ фабрики“ на Европската унија ќе се прошири и на регионот, почнувајќи со две „фабрички антени“ во Северна Македонија и Србија, како и дека високобрзинска дигитална инфраструктура ќе ги поврзе сите шест земји од Западен Балкан.

Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел, изјави фон дер Лајен.

Истакна и дека Европската унија ќе го засили инвестирањето во земјите од Западен Балкан со цел да го удвои нивниот бруто-домашен производ (БДП) во следните десет години.

Говорејќи на отворањето на Инвестицискиот форум ЕУ–Западен Балкан во Тирана, фон дер Лајен рече дека Планот за раст на Западен Балкан има цел да ја забрза економската интеграција, да ги поддржи реформите и да привлече европски инвестиции.

ЕУ ги отвора секторите од својата економија за вашите компании. Заедно работиме на реформи за рамноправни услови, а со реформите доаѓаат и инвестиции. Планот за раст на Западен Балкан има за цел двојно зголемување на регионалниот БДП во следната деценија, изјави таа.

Фон дер Лајен истакна дека Албанија, Црна Гора и Северна Македонија неодамна се приклучија кон Единствената европска зона за плаќања (SEPA), што ќе ги намали трошоците за трансакции и ќе им заштеди на компаниите од регионот околу 500 милиони евра годишно. „Ова не е само напредок на хартија, туку и во пракса,“ додаде таа.

Во однос на чистата енергија, фон дер Лајен рече дека Западен Балкан може да стане центар за производство, складирање и дистрибуција на обновлива енергија, што ќе придонесе за пониски цени на електричната енергија и за енергетската независност на Европа.

Инвестирањето во Западен Балкан значи инвестирање во идниот континентален пазар од 500 милиони луѓе, истакна таа, нагласувајќи ја стратешката важност на регионот за европската индустрија и енергетика.

Форумот ги обединува претставниците на ЕУ, лидерите од Западен Балкан и инвеститорите со цел да се разгледаат и потпишат проекти кои се очекува да донесат над 4 милијарди евра нови инвестиции, создавајќи нови работни места и економски можности низ целиот регион.

 

ВИ ЕУ финансира центри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.