Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ со поддршка на напорите за независна држава Палестина

0
By Sashko on October 28, 2021 СВЕТ
Фото: sloveniatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководството на Европската Унија (ЕУ) потврди дека ги поддржува напорите за формирање на независна држава Палестина и дека и натаму е посветена на надминување на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на решение за формирање на две држави.

Палестинскиот премиер Мохамед Шајех во Брисел имаше одделни средби со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

За време на разговорите се фокусиравме на напорите за формирање на палестинска држава и за регионални теми. Ја потврдив определеноста на Европската Унија за решение врз база на воспоставување на две држави, напиша Мишел на социјалните мрежи по средбата со Шајех, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Кабинетот на Борел соопшти дека шефот на европската дипломатија посочил оти ЕУ продолжува да го поддржува палестинскиот народ и формирањето на државата Палестина.

Борел, исто така, рече дека ЕУ се залага за продолжување на палестинско-израелските мировни преговори за праведно и сеопфатно решение и воспоставување траен мир на Блискиот Исток. Тој додаде дека ЕУ е подготвена да соработува со сите на тој план.

Борел ја изрази длабоката загриженост на ЕУ поради плановите на Израел за проширување на илегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег, како и депортацијата на Палестинците во регионот и тешката хуманитарна ситуација во блокираната Газа.

Тој истакна дека е загрижувачка и неодамнешната одлука на израелските власти да вклучат шест палестински невладини организации на листата на терористички организации и најави исгтрага за случајот.

држава ЕУ Палестина Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.