Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ веќе не е најдобар пријател на Македонија, туку е Србија

0
By Соња Крамарска on March 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 17, 2022 10:56

Испитувањето на „Преспа институтот“ спроведено во Северна Македонија на репрезентативен примерок од 1002 испитаници во периодот од 10 до 26 февруари, покажало дека 38,6 отсто од испитаниците одговориле дека Србија е најголем пријател на земјава. Втори се САД со 16,8 отсто, а трета е ЕУ со 7,8 отсто. На истото прашање, но во 2020 година, на врвот била Европската Унија.

Како главна причина за падот на рејтингот на ЕУ се смета разочарувањето од одложувањето на пристапните преговори и односот на Унијата кон земјава кога се делеше првичната помош за ковид-19.
Додека пак Србија се смета за пријателска земја меѓу другото и поради вакцините кои ни ги донираше кога останатите сојузници и пријатели ја изневерија Северна Македонија.

Низ призмата на етничката припадност на испитаниците, видлива е голема разлика во оваа перцепција. Србија е најдобар пријател на земјава за 55,4 отсто од испитаниците Македонци. Тоа мислење го делат само 0,6 отсто од Албанците. САД се најдобар пријател на земјата за 7,7 отсто од Македонците, додека кај Албанците така мислат 40,9 отсто од испитаниците.

Големи разлики има и по партиски линии. Од трите најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, најголеми симпатии кон Србија имаат гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. 58 отсто од оние што рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Србија е најголем пријател на земјата. Шест отсто од гласачите на оваа партија пријател гледаат во САД, по 4 отсто во Германија и Русија, 3 во ЕУ и 2 во НАТО и 1 отсто во Албанија.

Кај СДСМ, 38 отсто од гласачите гледаат најдобар пријател во Србија. Потоа следуваат САД со 18 отсто, Германија со 12 и ЕУ со 10 отсто.

За поддржувачите на ДУИ, а слично е и кај другите партии на Албанците, најдобар пријател е САД. Така се изјасниле 39 отсто од гласачите на оваа партија. Следуваат ЕУ со 15 отсто, Косово со 14 и Андреја Стојковски, Турција со 9 отсто.
Интересно е што поддржувачите на партијата Левица во 2020 година биле доминантно проамерикански, а сега се изразено просрпски. Следна на листата им е Русија.

Според истражувањето, Северна Македонија нема да биде директно погодена од руската инвазија на Украина. Ниту едната ниту другата земја котираат високо на земји извознички или увознички на основни добра и преработки.
Единствената целосна зависност на Македонија од Русија е во делот на увозот на природниот гас.
Во големата слика, вели истражувањето, Северна Македонија ќе чувствува негативни ефекти од инвазијата на Русија врз Украина. Не поради тесни врски на македонската економија со Русија, туку поради тесните врски на оваа земја со земјите членки на ЕУ. Тоа е и причина за поскапувањата на европска почва, што веќе носат индиректен бран на поскапување и кај нас дома.

 

истражување Преспа институт Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.